За мајките е природно и очекувано да го посветат целото свое внимание и време на новороденото бебе. Впрочем девет месеци со нетрпение го очекувате моментот кога ќе го запознаете малото суштество кое растеше во вас. Сега кога конечно тој или таа е тука, вашите мајчински инстикти ви помагаат да го храните, пресоблекувате, нишкате, заспивате, бањање....


Ако имате сопруг кој ви помага, блазе си ви. Но ако вашиот сопруг е човек кој сите обврски ги остава на вас, не треба да се срамите што ќе побарате помош. Дури и ако пред да се роди бебето никогаш не ви помагал околу домашните обврски, сега е време да помогне во грижата за бебето. Некои мажи се “срамат“ кога станува збор за помош околу новорденчето, можеби од страв дека ќе го повредат или едноставно бидејќи не се чувствуваат комфорно. Поради тоа вообичаено татковците стануваат поактивни како детето расте и имаат можност со него да си играат, да го шетаат... 
Без разлика која е причината, ако имате потреба од помош можете да му предложите неколку основни работи кои ќе му помогнат да се опушти и почне поактивно да се вклучува во грижата за бебето. Како на пример:

- Менување пелена
- Чување на бебето додека вие завршите некоја друга обврска или одморите
- Помагање околу други обврски поврзани со бебето
- Играње со бебето (со тропалка, музичка играчка...)
- Читање приказна
- Држење и лулање 
- Бањање на бебето во кадичка со плитка вода

Иако некои од овие работи може да му предизвикаат непријатност, сепак важно е таткото да сфати дека неопходно е да ја развива врската со своето дете од малечко. Ако ништо друго предложете му да биде „откачен“ кога е во друштво со него. Бебињата поради тоа ги обожаваат татковците. Имено додека мајките се повеќе негователки, татковците се тие кои се задолжени за дисциплината. Како ќе расте бебето, таткото ќе биде поопуштен во неговото друштво и ќе ужива додека игра или прави други забавни активности со него. 
Во секој случај убаво е за овие работи да разговарате со сопругот уште пред да се роди бебето (дури и пред да биде зачнато) со што ќе избегнете многу проблеми како разочарувања и сл., кои можат да доведат до непријатни ситуации во бракот. 

Најново на форумот

  • No posts to display.