Коњуктивитис е воспаление на коњуктивата, проѕирната слузница која ја прекрива белката од окото и внатрешната површина на очните капаци. Иако може да биде алармантно, окото екстремно црвено и лесно се шири, коњуктивитисот обично не предизвикува тешки оштетувања на очите и видот.

Ако вашето дете има симптоми, задолжително одете на лекар. Некои типови на коњуктивитис исчезнуваат сами од себе, а некои мораат да се лечат.

Причинители
Многу бактерии и вриуси кои предизвикуваат настинки и други инфекции – на уво, синуси или воспалено грло, дури и сексуално преносни болести – кламидија и гонореја, можат да бидат причинители на ова заболување. Коњуктивитисот може да настане и при алергија, најчесто кај деца кои се алергични на полен, а предизвикувачи се полен од амброзија, трева, пердуви и прашина. Некогаш и состојките во околината можат да предизвикаат проблем- хлор, сапун, издувни гасови и чад од цигари.

Коњуктивитис кај новороденче
Новороденчињата се посебно склони на коњуктивитис и подложни на сериозни компликации кои можат да се појават ако не се лечи инфекцијата. Ако мајката има некоја сексуално пренослнива болест, при породувањето бактериите или вирусот можат да дојдат во контакт со очите на бебето и да предизвикаат коњуктивитис. За да се спречи тоа, лекарите веднаш по породувањето на бебињата им ставаат капки за очи. Некогаш се случува ваквиот третман да води кон благ хемиски коњуктивитис, кој подоцна исчезнува сам од себе. 
Многу бебиња се раѓаат со тесен или затнат очен канал. Оваа состојба се поправа сама од себе, но понекогаш може да е причина за коњуктивитис. 

Симптоми
Различни типови коњуктивитис имаат различни симптоми кои можат да варираат од дете до дете. Еден од најчестите е непријатност во окото. Детеото може да ви каже дека чуствува како да има песок во окото. Обично се јавува црвенило и оток на капакот. Исто така доаѓа до секреција која прави детето да не може да ги отвори очите наутро кога ќе се разбуди. На некои деца им пречи силно светло. Во случај на алергиски коњукивитис чешањето и солзењето од окото се чести симптоми. 

Преносливост
Коњуктивитисот предизвикан од бактерија или вирус е пренослив за разлика од алергискиот и оној кој е реакција на иритиација или нешто од околината. Детето може да се зарази со допир, без разлика дали тоа допира инфицирана личност или нешто кое таа личност го користела, како на пример шамивче. Се пренесува со кашлање и кивање. Во тек на летото коњуктивитисот може да се пренесува со пливање во заразена вода или користење ист пешкир. Лекарите обично препорачуваат инфицираното дете да остане дома додека помине инфекцијата. Постојат случаи кога на детето му е заразено само едното око. Тогаш тоа мора да внимава да не го зарази и другото, така што ќе го чеша прво инфицираното па здравото око.

Превенција
Научете го детето редовно да ги мие рацете со топла вода и сапун. Нека знае дека не смее да дели капки за очи, марамчиња, шминка за очи, пешкири или перници (навлаки за нив) со други луѓе. Погрижете се и за своите раце. Нека бидат темелно измиени, пред да ги допрете детските очи и фрлете ја употребената газа или туфер. Никогаш не перете ги заедно предметите и облеката кои ги користи инфицираното дете заедно со вашите. Ако знаете дека детето е подложно на алергиски коњуктивитис, во деновите кога има многу полен не отворајте ги прозорите и врата, редовно чистете го домот од прашина. Избегнувате ги сите причинители на иритација. Многу случаи на коњуктивитис кај новороденчињата можат да се спречат со преглед за сексуално преносливи болести кај трудницата и неопходно лекување. Жената може да има бактерија, а да не знае, па затоа тие прегледи се од голема важност. 

 

 

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.