Последниве 10 години забележително се зголемува бројот на двете појави: бројот на млади брачни двојки со појава на стерилитет и бројот на млади брачни двојки што имаат бебиња со ADHD-синдром, чија последица се дефицит на вниманието и хиперактивно нарушување .

Современи компјутеризирани и квантни технологии овозможуваат неинвазивен пристап во електропунктурното дијагностицирање и информотерапевтските третмани, со кои се ефикасно третираат причинителите.

 

СЕМЕЈНИ ТРАУМИ

И двете појави се тешки бидејќи се работи за бебиња и бидејќи последиците се катастрофални, како за младите луѓе, така и за нивните семејства. Големата тага и семејните фрустрации се зголемуваат при сознанието дека современите медицински достигнувања немаат точни одговори за кој причинител станува збор. Кај стерилитетот најчесто се прават вештачки оплодувања со неретко користење антибеби-пилули, како нелогичен парадокс, а кај бебиња со импулсивност и со нарушен осет за внимание, најчесто се пропишуваат психостимуланси и сл., без надеж дека бебето ќе биде нормално и излечено. Нема надеж бидејќи секогаш се дејствува на последиците, така што сè почесто се размислува за теорија на заговор и за масовен бојкот на вакцините, што всушност претставува потенцијален катастрофален настан во нивниот живот во иднина.

Со неинвазивна ЕПД и информотерапија може најмногу да се помогне при заболувања кај кои не се јасно дијагностицирани причинителите, бидејќи ЕПД, како неинвазивен метод, по компјутерски електронски пат им го мери т.н. клеточен акцион потенцијал на сите витални органи, без разлика на болеста, полот и годините.

СТЕРИЛИТЕТ

Кај голем процент брачни двојки со стерилитет, во основа се работи за функционален проблем на многу мал дел од клеточниот имунолошки систем. По класичниот пат на испитувања не се дијагностицираат проблематичните клетки бидејќи сите наоди се во ред (негативни).

Неинвазивната информотерапија се прави врз основа на точни ЕПД-мерења. На целуларниот дел од имунолошкиот систем, на т.н. Т-лимфоцити, прецизно му дава јасни инструкции (информации), потоа ги препознава проблематични клетки и така „исчистени“ ги воведуваат во нормален функционален систем. Дури и да се работи за хируршки отстранети канали, поголем процент на успешност на инвитрото е кај лицата што се третирани со информотерапии. Кај младите брачни двојки кај кои од различни причини недостасуваат т.н. герминативни клетки или двете Фалопиеви туби, информотерапијата, освен општ здравствен ефект, нема друго позитивно дејство.

ADHD-СИНДРОМ

Бидејќи се работи за тема од животно важни прашања за бебињата со ADHD-синдром (Attention Deficit and Hyperactivity Disorder - ADHD), со помош на точни ЕПД мерења се доаѓа до експлицитно сознание дека се работи за високоинтоксициран мал број клетки кај ендокриниот и централниот нервен систем (ЦНС) од разни причини а најчести се вирусно-паразитарни.

Најчести симптоми се постојана вознемиреност со постојано движење, со голема врева, импулсивно е и не слуша што му се зборува. За жал, многу мал број млади родители рано ги забележуваат почетните симптоми на ADHD-синдромот. Кај родителите се јавува забуна бидејќи тие бебиња најчесто се интелигентни така што родителите погрешно си мислат: „ Се гледа дека моето бебе е умно и е хиперактивно бидејќи такво е родено и подоцна ќе се смири. Не е можно дека се работи за АDHD или за аутизам“.

Родителот почнува да се загрижува дури по 3-та година во периодот кога веќе треба да почне да зборува, а не зборува. Главно, за помош се јавуваат во поодмината фаза, кога е направено клеточно оштетување на ЦНС.

ВРЕМЕ ЗА ПОМОШ

На бебето максимално ефикасно може да му се помогне со информотерапии во возраст од 18 месеци до 4 години. Со информотерапевтски третмани не се исклучуваат стручните служби, како што се дефектолозите и други, напротив, со нив поуспешно се соработува бидејќи детето почнува да „слуша“ што му се кажува.

Во Македонија успешно работи приватниот информотерапевтски центар на ул. „Мајка Тереза“ 2/4 во Скопје. Термините за информотерапевтски третмани се закажуваат телефонски.

ПР текст