На новороденчињата и малите бебиња до девет недели возраст не може да им се воспостави распоред. Нивните потреби треба веднаш да се исполнат, а тие самите покажуваат колку спиење им треба, кога се гладни и кога сакаат да бидат стимулирани.

На два месеци возраст веќе би требало да имате воспоставена рутина во текот на денот.
По два месеци старост најмногу деца се способни да спијат врзано 4-5 часа, а тоа може да се воспостави и во текот на ноќта.

 

Како да воспоставите рутина

Колку повеќе редовни постапки имате во текот на денот толку ќе сте вие посигурни, а бебето ќе биде посреќно. Бебињата имаат внатрешен распоред кој бара внимание, како што се глад, сон и валкање на пелените. Тие повеќе напредуваат ако имаат воспоставен распоред. Кога бебињата знаат што следува во текот на денот нивниот сон е подолг и тие се посреќни кога се будни.

Да се има строг распоред не е можно во било чиј дом, а распоредот на бебето треба да се регулира според потребите. Хранењето, спиењето и времето за игра треба да се во одредено време така што ќе се надополнуваат. Малите бебиња имаат потреба од две до три спиења во текот на денот, додека повозрасните бебиња имаат потреба од само едно спиење преку ден, некаде околу пладне. Многу важно е да се напомне дека како расте бебето така неговиот распоред ќе се менува.

Зошто бебињата ја менуваат рутината

Има многу причини за ова. Ако бебето поминува низ период познат како „скок во развојот“ може да бара повеќе храна. Ако не е доволно стимулирано во тек на периодот кога е будно, може да не е измори и поради тоа ќе смени во спиењето. Ако бебето се учи на нешто ново, како на пример да се подига или да седи само, може да посака да го прави тоа наместо да легне и да спие во периодот кога му е време за спиење. Бебињата на кои им растат заби или се болни секогаш отстапуваат во својата дневна рутина.

Што можете да направите

Својот распоред на обврски направете го според времето кога бебето е будно. Новите звуци и знаци можат да го стимулираат бебето во процесот на учење. Ова исто така ќе ви помогне бебето да не заспие во кола или количка, што ќе му го наруши редоследот на дневен одмор дома.