Низ бројни истражувања научниците откриле дека бебињата имаат способност да распознаваат согласки, самогласки и способност за ритмичко повторување на тоналитетот од јазикот кој воопшто не го зборуваат.

Во тек на истражувањата докажано е дека децата одгледувани во двојазична средина имаат поголема можност да ја задржат таа способност, за разлика од бебињата кои не растеле во таква средина.

 

Истражувањата уште покажале дека бебињата и малите деца кои учат странски јазици подобро ги разбираат апстракните идеи, флексибилно размислуваат и имаат бујна фантазија. Ако на ова се додадат и статистиките кои покажуваат дека децата изложени на странски јазици имаат значително подобри резултати на стандардизираните тестови за проверка на знаењето, лесно може да дојдете до заклучок дека со тоа им се отвораат поголеми можности за напредување во подоцнежните кариери.

Колку е помладо детето полесно ги учи странските јазици. Тоа не значи дека е лесно – особено за семејства во кои родителите не зборуваат два или повеќе јазици. Зборовите научени пред 12та година, не се меморираат во истиот дел од мозокот како зборовите научени подоцна во животот. Освен тоа бебињата и малите деца имаат помал страв при усвојувањето нов јазик. Исто така многу е важно дека учењето странски јазик кај бебињата и малите деца е поинтуитивно во споредба со повозрасните ученици.

Helen Doron English нуди 18 специјално дизајнирани курсеви за англиски јазик, за деца од 3 месеци – 19 години. Тоа опфаќа 19 години учење, од кои 9 години говорен јазик за мали деца (со можност за учење правопис и читање) и дополнителни 10 години говорен англиски, плус читање и пишување за повозрасните деца. Учењето е лесно, забавно и природно со подготовка за Интернационални тестови за англиски јазик, а се спроведува на релаксиран и пријатен начин.

Закажете бесплатен ДЕМО час и заедно со вашето дете запознајте се со уникатноста на овој метод. Контактирајте не во центарот кој е најблиску до вас:

Helen Doron Skopje Centar - 076435938

Helen Doron Karpos - 070323525

Helen Doron Aerodrom - 078219498

Helen Doron Bitola Centar - 078455804

Helen Doron Nova Bitola - 070667795

Helen Doron Strumica - 071242476

Helen Doron Radovis - 075236220

Најново на форумот

  • No posts to display.