Детската личност се развива континуирано од најрана возраст, а повеќето карактеристики на неговиот карактер ќе се формираат и ќе бидат добро изразени на возраст од околу 6- 7 години.

1 година – решителност – кога детето конечно ќе тргне самостојно, без помош, станува решутелно во тоа да е обиде да направи се‘ што ќе му падне на памет или што го забавува. Тоа за родителите може да биде предизвик, а детската до тогаш пријатна природа може да прерасне во изливи на гнев и непријателство кога е спречено во својата намера.

2 години – фрустрации – децата на оваа возраст се често фрустрирани, бидејќи нивните намери и желби се многу поголеми од способностите. Типично две годишно дете сака да исполни и постигне многу што му е надвор од неговите можности и способности, како на пример да дофати нешто што е на највисоката полица, да отвори некој сад или да отвори врата употребувајќи ја кваката. Фрустрациите избиваат и кога се блокираат детските желби.

3 години – независност – иако се‘ уште е зависно од родителите, детето постојано сака да стане независно за да може само да прави што сака. Во тој период родителите ќе забележат промена во неговиот карактер – може да се случи да ги одбие родителите или личноста која се обидува да му помогне, или кога родителот ќе открие дека некоја сложена задача или ситуација ја решило само.

4 години – друштвеност – за четиригодишно дете пријателствата се многу важни. Тоа сака да биде популарно и омилено меѓу врсниците, и ќе направи се‘ за да им се допадне. Тоа е причина поради која детето можеби многу ќе страа кога ќе открие дека не е повикано на роденден кај другарчето, како што очекувало.

5 години - прилагодување – во овој период расте потребата на детето да се прилагоди на другите. Тоа станува сериозно и грижливо и сака да прави нови работи, како и неговите врсници. Настојува да го направи она што од него го бара родителот или воспитувачот, и се труди добро да ги заврши задачите кои ги добива.

Најново на форумот

  • No posts to display.