За некои родители лошото однесување на нивните деца е сосема нормална работа. Тие ќе најдат безброј оправдувања за постапките на децата, плашејќи се дека во спротивно ќе бидат потценети нивните родителски способности.

Некои од најчестите оправдувања кои можат да се чујат од нив се следните:

 

1. „Тој е надарено дете“ – поврзувањето на лошото однесување со поголема интелегенција е чест изговор за некои родители. Причина за тоа е што полесно е да се поверува дека посебно талентирано дете така се однесува како резултат на неговата интелегенција, отколку како недостиг на дисциплина.

 

2. „Само му е досадно“ – барајќи ја вината за лошото однесување на детето во недоволната стимулација е одличен изговор на родителите чии деца во друштво на возрасните не можат да ги прават своите омилени диверзии. На тој начин тие ја префрлаат вината на возрасните дека не се доволно заинтересирани и не знаат да го анимираат детето, а не на себе и воспитанието на детето.

3. „Не му е добро“ – поврзувајќи ги тантрумите или друго непристојно однесување на детето со болест е најлесен изговор кој не може никој да го оспори. Впрочем кој е расположен кога не му е добро?

4. „Тоа не е нејзина вина“ – некои родители се фаќаат и за сламка кога треба да го оправдаат однесувањето на своето дете, макар тоа да значи и префрлање вина на друго дете. Очајните родители ќе ја префрлат вината на било кој присутен, наместо да преземат одговорност и да го посоветуваат своето дете.

5. „Хиперактивен е“ – ова нарушување познато како ADD ( Attention Deficit Disorder) многу често е причина за проблематично однесување на децата кои навистина го имаат. Но исто така е чест и многу убедлив изговор на родителите чии деца се толку недисциплинирани што често ги доведуваат до непријатни ситуации.

6. „Таа е само дете“ – едноставно и најлесно оправдување кое сака да порача дека децата се мали и не разбираат ништо, има време кога ќе научат што чини, а што не.

7. „Не сакам да бидам лош родител“ – најчест изговор на родители кои се разведени и се надеваат дека со својата попустливост прават добро за своето дете, не сфаќајќи дека токму тоа има спротивен ефект. Не поставувањето на јасни граници што е дозволено, а што не во однесувањето на децата, може да има само негативен ефект.

8. „Сакам нејзиното детство да е подобро од моето“ – кога возрасен кој бил како дете воспитуван во строго и авторитативно семејство ќе основа свое семејство, сакајќи да ги избегне тие рестриктивни правила оди во сосема спротивен правец што само значи погрешно воспитување.

9. „Пребирлив е“ – децата се познати по своите проблеми со апетитот и често се случува ако им се понуди храна која не ја обожаваат да приредат непријатни тантрум сцени. Давајќи оправдување со потенцирање на детската пребирливост може да звучи како разумно, иако тантрум сцените сами по себе се индикатор за недоволно воспитание.

10. „Момчињата секогаш ќе бидат момчиња“ – скоро секаде се‘ уште важи оваа изрека, па сосема е лесно да биде прифатена кога сака родителот да го оправда својот син за непристојното однесување. Едноставно од момчињата можат да се очекуваат многу нешта, но не и од девојчињата.

Многу важно е родителите да сфатат дека постои разлика помеѓу застанувањето во одбрана на детето кое неправилно е обвинето за нешто кое не го сторило и оправдувањето на неговото лошо однесување. На тој начин само се испраќа порака дека е во ред да се однесува така оти секогаш ќе се најде оправдување за тоа. Но треба да се има во предвид дека, иако е потешко да се признае лошото однесување на детето и од него да се побара да преземе одговорност за тоа, сепак се исплати на подолг период.

Најново на форумот

  • No posts to display.