Пушачите обично почнуваат со оваа лоша навика уште во адолесценцијата. Има извесен процент кои почнуваат во детството. Пред да решите што да правите со детето кое сте го фатиле како ја практикува оваа лоша навика, треба прво да ги разберете причините зошто воопшто почнало.

Со разбирање, можеби ќе го спречите дететето да посегне по цигари односно да го одвратите од оваа лоша навика на почетокот. Еве десет причини зошто децата почнуваат да пушат:

 

1. Само се љубопитни и несвесно брзо стануваат зависни.

2. Виделе некој близок член од семејството или некој друг во своја околина, па сметаат дека е нормално однесување.

3. Чувство на инфериорност и можност да се почувствуваат добро кога ќе пушат.

4. По покана од пријатели. Притисокот од врсниците може да биде голем и децата така сакаат да покажат дека не се плашат од никого, па кога се своето друштво лесно посегнуваат по цигари.

5. Сметаат дека тоа е активност која ја практикуваат возрасните, па сакаат нив да ги гледаат како големи. Најчесто ова е акт на бунт против родителите.

6. Пушењето го сметаат за кул активност, како идолите од светот на славните кои ги обожуваат.

7. Поттикнати се од реклами за цигари, го имаат видено во филм, на постери, од спонзори на концетри и сл.

8. Ретко кој ќе прекори или искара дете ако го види во јавност како пуши.

9. Ниска цена на цигарите, дури и децата и тинејџерите можат да ги купат.

10. Не доволно разбирање за штетноста од пушењето врз нивното здравје.