Научните истражувања од ден во ден ја потврдуваат динамичната природа на мајчиното млеко. Денес се‘ повеќе е познато дека составот на мајчино млеко се менува со тек на времето, прилагодувајќи се на потребите на доенчето кое расте. Она кое денес е помалку познато е дека постои разлика во составот на мајчино млеко наменето за момчиња во однос на мајчиното млеко наменето за девојчиња.

Првата споредба на енергетските и хранливи состојки на млекото од мајките кои родиле машко и оние кои родиле женско бебе направена е во 2010 година над дваесет и пет здраво хранети мајки на доенчиња на возраст од 2 – 5 месеци и тоа 13 мајки на машки и 12 мајки на женски бебиња.

Според очекувањата, резултатите покажале дека и самата густина на мајчино млеко била значително различна, но она кое ги изненадило истражувачите се резултатите кои потврдуваат дека составот на мајчино млеко варира зависно од тоа дали новороденчето е машко или женско. Така во млекото на мајките на машки деца утврдена е поголема концентрација на енергија во однос на млекото кај мајките на женски деца. Кога ќе се погледне просечната консумација на мајчино млеко од 788 мл/ден, тоа значи дека машките доенчиња во просек добиваат скоро 200 кал/ден повеќе од женските доенчиња. Оваа разлика во содржината на калории е заснована на поголема содржина од протеини и масти, иако механизмот со кој полот влијае на составот на млекото не бил предмет на истражувањето во студијата.

 

Според научниците поголемата количина калории во мајчиното млеко за машки деца може да е поврзана со нивната повисока стапка на раст. Па така не е за изненадување и резултатот во студијата кој покажал дека машките доенчиња добивале повеќе на тежина од девојчињата, почнувајќи од раѓањето па понатаму. Научниците денес знаат дека содржината на протеини во мајчиното млеко на различни бебиња зависи од брзината на растот на нивното потомство. Односно поголемата содржина на енергија и протеини во мајчиното млеко за машки доенчиња е прилагодување на нивната генетска предодреденост за побрз раст. Така на крај може да се заклучи дека момчињата не се привилегирани кога е во прашање мајчиното млеко туку едноставно се хранат складно на нивните потреби, токму како и девојчињата.

Најново на форумот

  • No posts to display.