Често се случува поради осаменост, „зачауреност“ од себичната и исклучителна родителска љубов детето да стане размазено. Но некогаш и детето кое е опкружено со браќа и сестри исто така може да е размазено.

Често и родителите склони на отстапки и попустливост поради единственоста на детето придонесуваат за ваков развој на неговиот карактер.

 

На пример тоа може да биде дете чија непостојана здравствена состојба бара постојано внимание, дете родено последно или кога родителите биле многу стари и пред кое не можат да бидат строги, дете кое знае да управува со луѓето оклу себе благодарение на неговата размазеност, „бебе-сувенир“ чие зачнување и раѓање со поклопува со среќен или несреќен настани, дете кое е родено по смртта на претходно дете и кое на своја кожа носи носталгични сеќавања на прекинатиот однос и т.н.

На овие примери ќе го додадеме и оној класичен пример на дете крал, кога на престол го ставаат незрели родители или родители трауматизирани од строго воспитување, упропастувајќи го на тој начин со постапките поради кои и самите страдаат.

Овој недостиг на авторитет кој го поднесува размазеното дете најчесто е предизвикано од фактот на осамен родител. Воспитното несогласување создава опасно отстранување на цврстите ограничувања кои му се потребни на детето за да се изгради како личност. Овој недостиг на меѓусебна поврзаност и согласност во тандемот „татко-мајка“ отвора дупка во законот и „мамината маза“ ја искористува, провлекувајќи се вешто низ неа и рушејќи го родителскиот поредок, сигурна во својата безбедност од казни.

Без гаранција, без последици и казни, секако дека законот е нарушен за да на крај го снема. Несреќното размазено дете се предава на својот добро познат карактер на раздразливост, размазеност, себичност, љубомора, уцена и тн.

Драмата на едно такво дете е предизвикана и од тоа што неговите родители се благи кон неговите постапки, несвесни за неговото страдање. Размазеното дете, кое вербално ги познава правилата, но намерно ги крши, страда од теретот на една прикриена вина која за жал никаква казна не може да ја олесни. Тоа се чувствува отфрлено поради самиот факт дека е „над законот“ и неказнето, гледано од родителски аспект. (Овде секако не ги застапуваме суровите казни.)

Попуштањето пред секоја желба на детето, без смелост и знаење да му се каже „не“ и примерно да се казни, значи да се изневери неговото длабоко очекување – да биде сакано поради него самото.

На тој начин наместо автентична љубов детето се расипува со тоа што ништо не му се ускратува. Без можни знаци за снаоѓање, без отпор на кој може да се потпре, не треба да се чудиме што тоа може силно да им се „истресе“ на своите родители. Тоа се надева на нивната здрава реакција. Пред да биде доцна.