Becutan пената за миење рачиња и лице е особено блага формулација на течен сапун, спакуван во посебен тип амбалажа којa овозможува создавање кремаста пена при секое истиснување.

На овој начин, секојдневната рутина на миење раце и лице ќе стане забавна навика за вашите најмили и сето тоа придружено со препознатливиот мирис на Becutan!

 

Пената нежно ги отстранува нечистотиите од рацете и лицето, а активните компоненти дополнително ја штитат и негуваат чувствителната детска кожа. Формулацијата не ги надрзанува очите, а благите состојки ја заштитуваат кожата од исушување.

 

- Не содржи алкохол.

- Не содржи бои.

- Не содржи парабени.

- Дерматолошки тестиран.

- pH неутрален за детската кожа.

 

Она што најдобро ги отстранува нечистотиите од кожата е всушност пената, а децата честопати знаат да бидат нетрпеливи и да се измијат пред таа да биде создадена.

Посебниот механизам на пумпица кај Becutan течниот сапун ја создава пената веднаш при истиснување од шишенцето и на тој начин обезбедува поголем ефект при отстранувањето на нечистотии од детската кожа.

Производот е достапен во редовно пакување од 250ml со пумпица и во refill пакување, компатибилно за истата пумпица.