Времето за игра треба да биде забавно за секое дете. Родителите пред да им ги дадат играчките на своите деца за играње треба да ги прегледаат и да се осигураат дека се безбедни. Еве неколку важни работи кои треба да ги запазите ако сакате вашето дете да биде заштитено од несакани последици додека игра.

1. За деца помали од 5 години играчките треба да се доволно големи за да не можат да ги земат и стават во уста.

2. Редовно проверувајте ги играчките за да спречите некој дел да се скрши или одвои.

3. Редовно проверувајте го домот, особено затскриените поретко посетени делови, за да видите дали има ситни играчки или делови од нив кои децата лесно можат да ги пронајдат и голтнат.

4. Играчките од големите деца не треба да им се лесно достапни на помалите.

5. Избегнувајте играчки кои имаат јажиња и врвки.

6. Балони од латекс држете подалеку од децата.

7. Осигурете се дека сите играчки имаат поминато безбедносни тестови.

8. Не дозволувајте децата да си играат со играчки кои користат електричен извор на енергија.

9. Откако ќе ги отворите играчките сите пластични делови од пакувањето што побрзо фрлете ги во отпад.

10. Колку и да сте сигурни во играчките, држете ги под контрола децата додека си играат, но тоа да не биде премногу нападно и напорно, за да не им ја расипе играта.