Идејата за Helen Doron Early English програмата се роди во 1984 година и тоа на час по виолина, каде Хелен Дорон, британска лингвистка, реши да ја запише својата четиригодишна ќерка. Како секоја добра мајка се информираше за сите музички училишта за деца и методите по кои тие работат, но најинтересна и се виде методата на д-р Шиничи Сузики.

Д-р Шиничи Сузуки својот метод го базирал на претпоставката, дека децата можат да учат музика со истата леснотија, со која го учат првиот јазик. Децата кои учат да свират музика според неговиот метод, прво слушаат музика на часовите и секојдневно дома. Експериментираат со инструментот така да произведуваат звуци, пред да можат да спојат одредена мелодија и распоред на нотите. Учат да свират според слух, така да ја имитираат музиката која претходно ја слушнале. Д-р Сузуки својот метод го опишал како „јазик на музиката“. Децата кои учат да свират виолина, по неговиот метод, учат низ слушање.

Хелен Дорон, лингвистката и учителка по вокација, наскоро открива дека ако децата можат да ја учат музиката како јазик, зошто да не можат да го учат јазикот како музика? Во 1985 година, седејќи неколку години дома со својата ќерка, го дизајнира курсот за рано учење англиски јазик кај децата, кое се базира на мали групи, позитивна атмосфера и постојано слушање. Самата прави неколку снимки на песни, рими и приказни на англиски јазик и се рекламира себеси како учителка по англиски јазик во нејзиното соседство.

Резултатите биле одлични. Системот на Хелен создал опкружување кое го имитира природниот тек на учење мајчин јазик и децата уживале! Нејзината настава била забавна, весела и поттикнувачка за децата на емоцинално, физичко, креативно и интелектуално ниво. Наскоро имала повеќе заинтересирани, отколку простор, па морала да го прошири кругот на работа. Така се родила идејата за Helen Doron Early English.

Хелен започнала да подучува и други учители на подрачјето од Северен Израел. Во 1997 година, првата Helen Doron Early English лиценца е основана во Австрија, а понатамошниот развој е историја. Денес Helen Doron Early English функционира во повеќе од 700 училишни центри во повеќе од 30 држави во светот, и над милион деца во светот имаат научено да зборуваат англиски, преку овој метод.

Постои курс за бебиња од само три месеци исто како и курс за тинејџери, кој се фокусира само на говорен англиски и курс кој опфаќа читање и пишување. Постои и курс кој им го приближува на децата англискиот јазик низ глума и британска пантомима. На часовите по англиски по методот на Хелен Дорон, владее забавна и пријатна атмосфера која го поттикнува учењето низ игра и креативност.

А се‘ започна со еден час по виолина.