Научниците откриле хемиски „отпечаток на прстот“ кој ги откриваа сите тајни на долговечноста на одделни лица. Британски „Дејли мејл“ објави дека кај новороденчето може да се одреди колку ќе биде здраво до пред крајот на животот и колку долго ќе живее.

Така, едноставната анализа на крвта на новороденчето на родителите ќе им ја даде основната информација за потенцијалните болести во повозрасниот период. Со понатамошни истражувања, ова сознание може да доведе до развој на лек и спречување на разни болесни кои се чести во постарата животна доба, како проблеми со срцето или коските.

Научниците идентификуваа 22 метаболити, односно мала молекула поврзана со метаболизмот. Тие можат да бидат корисни показатели за тоа што не очекува во текот на стареењето. Еден од нив, поврзан со функцијата на градниот кош, густината на коските, крвниот притисок и нивото на холестерол, посебно е издвоен.

За тоа молекула, наречена C-gly Trp, научниците веруваат дека може да се одрази на забрзување на стареењето во повозрасната доба на човекот. Покрај неа, се зема предвид и тежината на новороденчето. Поголемото ниво на молекули е поврзано со помалата тежина при раѓањето на детето. Анализирана е крвта на 6.000 еднојајчани близнаци, врз основа на што научниците успеале да покажат дека добрата телесна тежина при раѓањето е многу важна за помалку болести во иднина и здраво стареење.

Најново на форумот

  • No posts to display.