St. Paul’s Kindergarten е првата меѓународна градинка која ќе работи по познатиот Монтесори метод- образовен пристап кој се употребува во многу образовни институции во светот. Монтесори методот се базира на истакнување на уникатноста и независноста на секое дете, како и поттикнување на креативно и критично размислување, наместо наметнување на механички задачи и активности. Децата ќе имаат можност сами да ја креираат нивната листа на активности од понудениот избор на градинката. Во градинката е предвидено да функционираат 4 групи деца на возраст од една до пет години, кои ќе престојуваат во безбедна средина, каде ќе бидат мотивирани да стекнат љубов кон учењето и истовремено да се забавуваат со големиот број интересни активности.

Градинката, чија локација се наоѓа во скопската населба Тафталиџе на улицата Прашка, ќе нуди голем број на активности, од стандардните забавни игри и прослави, до вежби за развој на интелигенцијата, јога и драма. Целата програма ќе се одвива истовремено на македонски и на англиски јазик. Одговорните за градинката изјавија дека цените ќе бидат прилагодени на македонскиот стандард.

Градинката St.Paul ќе работи по интернационални стандарди, карактеристични за сите градинки низ светот менаџирани од CEL Global.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.