Секое дете има посебни, само за него својствени особини, а родителите треба да ги откријат и развиваат нивните скриени потенцијали. Во тоа може да им помогне следниот прашалник.

На понудените прашања секој родител треба да одговори без многу премислување, бидејќи само така резултатот е веродостоен. Во прилог го имате целиот прашалник за вашиот вундеркинд. Треба да имате во предвид дека објективноста на тестот зависи од точните одговори.

 

Значи, збирот од најмалку 13 поени зборува за тоа дека вашето дете има одредени „вонсериски“ способности и би требало да обратите внимание на неговото школување и да го органзирате така да тие способности ќе се развиваат и усовршуваат.

 

Проверете колкави се можностите на вашето дете.

Земете молив и по ред читајте ги тврдењата, па забележувајте ги оние за ои сте 100% сигурно дека важат за вашето дете.

1. Вашето дете рано научи да чита, уште пред шестиот роденден, самостојно (7 поени), со помош од некого ( 5 поени).

2. Чита многу книги и тоа многу брзо (2 поена).

3. Сам или со нечија помош се интересира за енциклопедии или речници (2 поена).

4. Лесно научило да чита, но има извесни потешкотии при читањето (1 поен).

5. Работи домашна само во својата соба, затворено и си игра, по правило со повозрасни деца (2 поена).

6. Сака да разговара со возрасните на исто ниво ( 2 поена).

7. Поставува многу комплицирани прашања на кои ни возрасните не умеат да му одговорат (2 поена).

8. Понекогаш е расеано, но секогаш е во состојба да направи вешт заклучок или генерализација, да речеме после одгледан филм во кино или на телевизија (2 поена).

9. Има подготвен одговор дури и на потполно неочекувани прашања (1 поен).

10. Со задоволство влегува во дискусија за светот кој нè опкружува и дава своја оцена за одредени појави ( 1 поен).

11. Здодевни му се едноличните работи, како на пример домашни работи кои не бараат голем напор (1 поен).

12. Многу е чувствително кон секоја неправда, дури и ако не се однесува на него дирекно ( 2 поена).

13. Сака да се шегува има смисол за хумор ( 2 поена).

14. Има богат речник и вешто во разговор користи различни термини (2 поена).

15. Сака комплицирани игри – шах и слични – кои бараат снаодливост и размислување (2 поен).

16. Во раното детство се интересира за нешта кои ги учат децата од поголемите одделенија ( 1 поен).

17. Сака различни предмети и при тоа сака сè да работи самостојно ( 2 поена).

18. Го интересира вселената, настанувањето на светот и сето она кое се однесува на предисторијата и нашето потекло (2 поена).

19. Во школо постигнува успех без посебен труд, брзо го сфаќа материјалот и има свое мислење за сè (2 поена).

20. Има развиено чувство за музика, применета уметност, средината која нè опкружува и во сè бара хармонија. (2 поена).

Најново на форумот

  • No posts to display.