Ве интересира на што да обратите внимание, кога ќе се соочите со предизвикот да ослабне вашето дете. Некои работи, како здрава исхрана, вежби и т.н се подразбираат, но еве едно изненадување:

- Дебелите деца не треба да вежбаат повеќе од децата со нормална телесна тежина. Нивните дневни потреби се исти. Впрочем тие ќе согоруваат повеќе калории во исти активности со децата со нормална тежина, бидејќи имаат поголема телесна маса и нивното тело работи под поголем напор – објаснува Томас Робинсон, директор на центарот за здравје и тежина во детската болниц Лусил Пакард.

Што се однесува до исхраната важат познатите правила – нудете многу здрава храна: овошје, зеленчук, житарки и немасна храна. Намалете го внесувањето на слатки, брза храна, како и храна богата со маснотии – чипсови, пица и сл.

- Децата не треба да се ставаат на диета како возрасните. Кај нив треба да се држите до старата мудрост „малку калории“ наспроти „без калории“ што ќе помогне тежината да се движи во вистинската насока, без проблем – додава Робинсон.

Секако не заборавајте да го консултирате педијатарот пред да почнете со било што.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.