Развојот на вашето дете зависи од она што го јаде и пие, од хигиената во домот, од редовните прегледи, од многу нешта . Нo неговата насмевка зависи од тоа колку време поминувате со него, дали и како си играте, колку го гушкате и бакнувате.

Проследете неколку начини за добро да се забавувате и вие и вашето најмило.

Нека се облече само

Не можете да одберете што да му облечете денес на бебето?Ако бебето е доволно големо за да фаќа работи ставете му во близина неколку чорапи и тоа чорапче што ќе го фати облечете му го, така веројатно ќе има едно розево и едно сино чорапче. Потоа дадете му блузички или бодичиња и нека си избере. Видете каков е неговиот вкус за тренерки или фармерчиња. Нека си одбере капче и папучки. Сосема на крај откако ќе одбере која играчка да ја држи, сликајте го за кога ќе биде големо да знае каков стил имало.

Радосница

Многу е убаво да имате книга радосница - без разлика дали ќе е готов албум за потполнување или обична тетратка со слики и настани од раното детство. Во неа ќе ги запишете првите гости, првиот збор, првите чекори и т.н. Може да се најде место за првото најдобро пријателче или милениче од домот. Секако ќе се најдат многу слики од ехо снимки до првиот роденден и слатката роденденска торта.

За да не ви кажат мамо ти си старомодна сето ова можете да го направите на интернет. Да, можете да отворите нов e-mail и таму да му праќате пораки на бебето кога ќе сте на работа или далеку од него за некоја причина, или кога со нешто ќе ве воодушеви, а знаете дека нема да го памети тоа. Отворајте ја поштата за да не се блокира, а корисничкото име и лозинката предадете му ги на сопственикот во оној момент кога и сам/а ќе чека дете или едноставно кога ќе е љубопитен/на.

Измислете приказна

Најдете неколку слики од бебето со вујче, стрико или со тета и според тоа што го има на позадините на сликите вклопете ги овие личности во мала измислена приказна. Секако ниеден од нив не смее да биде лош. Кога ќе ви помине меракот на приказната залепете ги сликите некаде на видно место за вашите блиски да знаат колку ви значат вас и на бебето.

Најново на форумот

  • No posts to display.