Не само возрасните страдаат од здравствени проблеми кои доведуваат до дебелина, ако не спијат доволно и поминуваат многу време гледајќи телевизија. Според истражувањата направени на медицинскиот факултет од универзитетот Харвард, откриено е дека бебињата и малите деца кои спијат помалку од 12 часа и поминуваат многу време гледајќи телевизија, односно повеќе од два часа дневно, имаат 16% поголеми шанси да станат дебели до тригодишна возраст. Додека поранешните студии кои го поврзуваа недостигот од сон и гледањето телевизија со дебелина кај поголемите деца, адолесцентите и возрасните, ова е прва студија која покажува дека истото се случува и кај бебињата и малите деца.

 

Создадете услови за мирен сон

Малите деца спијат подобро и подолго ако имаат соодветни услови. Тоа се:

- Тишина – направете сè за во собата да не допираат звуците од надвор кои се гласни и можат да го разбудат бебето. Ако можете набавете машина за бели звуци – тоа се апарати кои продуцираат звуци како водопад, ветер и сл., кои се познати како бели звуци.

- Темница – спуштете ролетни или повлечете ги драперите, за да биде во собата доволно мрачно, за непречен сон.

- Температура – во собата треба да биде 16-18 степени целзиусови за да може бебето да спие мирно.

 

Ограничете го времето за гледање телевизија

Едноставно морате да најдете начин да му го ограничите гледањето телевизија на детето, или сосема да го забраните за деновите кога ќе биде повозрасно. Во овој период од животот најважно е го запознава вистинскиот свет околу себе, наместо да седи пред неговата електронска верзија. Освен тоа поздраво е за телото, умот и духот. Затоа најдете разни активности кои можат да го привлечат неговото внимание, а истовремено се и корисни.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.