Рибата им се дава на децата при крајот на првата година (поради алергија, како и белката). Богата е со минерални соли – фосфор и јод, како и со витамин Б.

Бидејќи содржи помалку маснотии од месото, рибата полесно се вари, што е голема предност за детскиот организам. Сепак, треба да се избегнуваат масни риби како туна, харинга, скуша...

Кога ќе се воведе рибата во дохраната, за почеток се препорачува бела риба (ослиќ, лосос) бидејќи полесно е сварлива од сината (скуша, туна, сардина). При купување, треба да обратите внимание на следното:

- мирис – не смее рибата да има непријатен мирис, ниту да мириса на амоњак,

- месото мора да биде цврсто, при допир еластично, крлушките сјајни и набиени,

- окото мора да е бистро, сјајно, испакнато, да ја исполнува целата очна дупка,

- шкргите мора да се сјајни, со црвена боја, кај скушата и харингата со темноцрвена.

Јајцата од некои видови риба можат да предизвикаат труење, мачнини, пролив и осип на кожата. Затоа од претпазливост, фрлете ја икрата, без разлика за кој вид риба се работи. Кога спремате риба за дете, мора да сте трпеливи и внимателни, за да ј исчистите и од најситните коски.

 

Варена риба - ставете ја рибата во слабо посолена вода. Пред да зоврие водата, додајте ја рибата намалете ја температурата и оставете да се вари десетина минути. Кога ќе се свари, излупете ја кожата и исчистете ја од коски, па иситнете ја. Варената риба може да ја зачините со малку путер, неколку капки лимонов сок и магдонос. Можете да му ја понудите на детето во комбинација со варен компир.

 

Печена во фолија - загрејте ја рерната 10 минути пред печењето. Благо посолете околу 100 г риба, намачкајте ја со малку масло и попрскајте со сок од лимон. Завиткајте ја во алуминска фолија и печете ја во рерната 10тина минути.