Англиски по Хелен Дорон методот-најдобар систем за учење англиски за деца од 2 до 10 години и единствен интернационално признат метод, кој им овозможува на децата да го апсорбираат англискиот како мајчин јазик!

 

Како да го осигурате успехот на Вашето дете?

1. Слушањето аудио материјали е одговорност на родителот

Пуштајте му ги аудио материјалите на детето од почетокот на курсот по два пати на ден, околу два месеци. Детето започнува да учи од Наставна единица 1 (Unit1), а откако ќе ја совлада, продолжува со следната. Секоја наставна единица се учи околу два месеца. Ако детето има потреба да учи подолго време одредена наставна единица, тоа ќе му биде овозможено. Доколку пак ја заврши претходната наставна единица порано, има право да продолжи на следната. Завршувањето на одредена наставна единица, значи дека детето ја знае содржината на аудио материјалите, соодветно со тоа што може да се очекува на неговата возраст. За тоа кога треба да премине детето на следната наставна единица ќе ве информира Вашиот Хелен Дорон учител.

2. Повремено пуштајте ги повторно претходно учените наставни единици - за да го зацврстите знаењето стекнато претходно.

 

3. Додека патувате со автомобил, на плажа, во други соодветни пригоди слушајте ги цедињата со песнички. Можете дури и да ги пеете повремено песните заедно.

 

4. Темпо на напредокот

Запомнете дека ако Вашето дете побрзо напредува, повеќе ќе ужива во учењето. За да обезбедите брз прогрес, мора секој ден да ги слуша аудио материјалите, од почетокот на курсот! Бавниот прогрес во учењето, кој најчесто е резултат на нерегуларно слушање, ќе создаде здодевност, недоволно желба за учење и слаба мотивација.

 

5. Слушањето аудио материјали не бара целосно внимание од детето

ПУШТАЈТЕ ги аудио материјалите додека Вашето дете се облекува, јаде, си игра или пак е зафатено со некоја друга активност, што ќе му овозможи да ги слуша во позадина и без напор. НЕ ГИ пуштајте аудио материјалите додека детето чита, работи домашни задачи или гледа телевизија. Сè што треба да направите е да го кликнете копчето “play“ два пати на ден, и да сте сигурни дека детето може да го чуе тоа што го пуштате. Тоа е сè. Два пати дневно. Останатото е автоматски!

 

6. НЕ ГО присилувајте детето да зборува на англиски

Впрочем, мала е веројатноста дека ќе сака да зборува. Можеби тоа само ќе покаже дека го разбира англискиот и ќе ужива.

Тоа е одлично.

Тоа е доволно!

 

НЕ ГО тестирајте. Ако го правите тоа, може да дава погрешни одговори намерно или едноставно да ве игнорира.

НЕ се обидувајте да го корегирате акцентот на Вашето дете, дури и ако греши.

ВЕРУВАЈТЕ во своето дете! Поттикнувајте го, охрабрувајте го секој пат со ентузијазам. Тоа го заслужува!

 

7. Понекогаш седнете и заедно работете со детето

Покажувајте му слики во книгите додека ги слуша аудио материјалите.

 

8. Инструкции во работните книги

Можете да го збогатите учењето на различни начини, зависно од времето, имагинацијата и креативноста со кои располагате. На пример: додека слушате радио или гледате телевизија, привлечете го вниманието на детето за некои зборови или реченици научени на курсот по англиски. Кога во тек на денот, ќе дојдете до некој објект, животно или активност која детето ја има учено, кажете го зборот или името на англиски.

 

Нови интересни курсеви

 

Сите наши извонредни и единствени комплети материјал за учење, создадени од тим педагози, експерти во својата професија, овозможуваат Вашето дете квалитетно да напредува од едно во друго ниво.

 

Забава со Флуп 2-5 години

Уште забава со Флуп 3-6 години

Англиски за сите деца 4-9 години

Уште англиски за сите деца 5-10 години

Англиски низ игра 6-10 години

 

Бонус – Кенги клуб интернет страница

Вашето дете може да го вежба англискиот јазик додека си игра игри, низ креативни активности и со помош на аудио/визуелен речник. Корисничкото име и лозинката доаѓаат со секој комплет книги за учење.

www.kangiclub.com

Helen Doron Early English

РОДЕНДЕНСКИ ЗАБАВИ

Возбудлив роденден за Вашето дете, кој никогаш нема да го заборави. Нарачајте ги материјалите за роденденска забава СЕГА!

Најново на форумот

  • No posts to display.