Денес сè поголем проблем кај децата е зголемената телесна тежина. Проблем кој ги измачува подеднакво и родителите, бидејќи дебелината не носи ништо добро.

Од проблеми со срцето, коските, до мала самодоверба и развивање на апнеја во тек на спиењето (проблем при кој во спиењето настануваат куси паузи во дишењето). Експретите велат дека за да им се помогне на децата да се изборат со овој проблем треба уште од дома да му се помогне.

 

Пазарете едноставни продукти

Кога одите на пазарење во маркет, внимавајте листата за набавка да ви биде што поедноставна. Што повеќе приpодна храна, колоритна (свежо овошје и зеленчук), свежо месо, храна богата со нутриенти, наместо готови конзервирани продукти или чадени месни продукти. „Ако храната може да стои долго на полиците во маркетите, знајте дека не е за во вашето тело„ – велат експерите.

 

Децата сакаат домашни ужинки

Секое дете има потреба од ужинка . Некои родители преферираат купени готови продукти за таа намена. Но поздраво е ако им подготвите од дома нешто кое ќе биде здраво и корисно. Направете избор од лесен сендвич со мисиркино месо и интегрално лепче, сушено овошје, несолени кикирики, бадеми или лешници и сл. Прескокнете ги чоколадите, смокие, колачите и слично.

 

Децата во кујната ќе научат многу

Ако родителите готват со задоволство ќе им бидат добар модел на децата. Кога децата растат во позитивна, смирена средина каде се готви здраво и се јадат оброците заедно, тие ќе развијат подобри прехранбени навики, велат стручните лица. Кога ќе ве гледа детето како готвите и при тоа користите само здрави состојки, ќе му помогнете и подоцна во животот да се однесува поодговорно кон себе. Нека ви помага додека готвите при избирањето на свеж зеленчук, читајте ги заедно состојките во рецептите и гответе.

 

Забава плус едукација

Учете ги низ игра децата за здрави навики во исхраната. Тие лесно ќе запамтат што научиле и подоцна тоа ќе го применат. Направете го и вежбањето забавна активност. Исто така немојте да му забранувате одредени видови храна. Едноставно најдете паметен начин како да го научите да се храни здраво и да прави добар избор.

Најново на форумот

  • No posts to display.