Изгледа дека сите имаат свое мислење кога ќе дојде време да се почне со воведување цврста храна кај бебињата. Ако се двоумите и не знаете што да правите, прочитајте кои совети да ги следите, а кои да ги игнорирате.

Правилно

1. Кога да се почне – почнете со цврста храна од 4- 6 месеци. До тогаш дигестивниот систем на вашето бебе не е подготвен за ништо друго освен за мајчино или адаптирано млеко. Но, не чекајте подолго од тоа, бидејќи може бебето да се навикне на течната исхрана и да изгуби интерес да научи како да џвака и голта цврста храна.

2. Не, за житарки во шишенце – вашето бебе нема потреба од дополнителни калории кога се храни со адаптирано млеко, освен ако ве посоветува поинаку вашиот педијатар. Плус, згунстатото адаптирано млеко може да предизвика засркнување и инхалирање на течноста во белите дробови.

3. Воведување една по една нова храна – кога ќе воведете некоја нова храна, почекајте два до три дена пред да му понудите на детето нова. Така полесно ќе ги откриете алергиските реакции како дијареа, повраќање или црвенило – повеќето од симптомите се појавуваат и по четири часа од пробувањето на новите продукти.

4. Бидете упорни – не отфрлајте ги лесно новите видови храна, ако бебето не сака да ги јаде откако еднаш ќе ги проба. Можеби на бебето ќе му треба десет пати да проба одредена храна, пред да ја прифати. Затоа понудете му ја повторно неколку дена подоцна. Или измешајте ја со некоја храна која ја сака.

Погрешно

1. Секогаш почнете со оризови житарки – вистина, не предизвикуваат лесно алергиска реакција, но не постои ниту една причина зошто да не почнете со поинаков вид храна.

2. Понудете зеленчук пред овошје – можете слободно да почнете прво со овошје. Не постои доказ дека бебињата нема да јадат зеленчук, ако прво им понудите овошје.

3. Помалку месо – истражувањата покажуваат дека бебињата кои пробуваат месо порано имаат повисок процент на цинк и железо, нутиренти кои се важни за растот. Почнете со пире од пилешко.

4. Сервирајте „здодевна“ храна – бебињата треба да научат да уживаат во изобилство од овошје и зеленчук, но повремено давање каша од блендирани, слабо зачинети равиоли нема да им наштети.