Бебињата се најслатки на свет. Мирисаат прекрасно, нежни се, мили, дури и ако ви го уништат омиелниот фустан ќе им простите.
Но, родителството не е само детска игра.

Постојат многу нешта кои не сте ги очекувале или пак за кои сте мислеле дека ќе поминат лесно како во сон. А за тоа кои се другите предизвици во родителството, т.е оние помалку убавите, одговор даваат кој друг, ако не мајките.
Во Британија е спроведено истражување во кое е побарано од мајките да ги набројат негативните предизвици во мајчинството, а потоа е составена листа од 50те најтешки.

 

Се разбира на врвот од листата се најдоа непроспиените ноќи, тантрумите, вежбањето да се има трпение со децата, да се постигне се‘ во домот. Меѓу другите – како да ги натерате децата да ја јадат вистинскaта храна, тренирањето да се користи нокширче, како да се стави крај на ривлаството меѓу браќата и сестрите и др., се најдоа пред предизвиците како да се научат децата да добијат што сакаат без да ги разгалите, учењето како правилно да ги мијат забите, чувањето болно дете и оставањето детето да ви го чува некој за прв пат.
Освен овие, мајките во листата ги вбориле како многу стресни моменти – носењето на детето за прв пат во училиште и соочувањето со други родители кои сакаат нивните деца да се први во сè.


Ема Кени, детски психилог, која работела на ова истражување вели:
- Има моменти кои кога станувате родител ги очекувате. Тоа се проблемите со спиење, тантруми и сл. Но, не верувам дека било која мајка е подготвена за тоа колку стресни ситуации ја очекуваат во текот на годините, додека нејзиното дете расте од бебе, преку мало дете, до тинејџер и адолесцент.
Ема додава дека проблемот е во тоа што кога ќе престанат оние бебешките проблеми, таман мајката ќе помисли дека поминале грижите, започнуваат нови:
- Еднаш кога ќе почне школскиот живот, мајките се соочуваат со други проблеми – расправии со некое насилно дете, завршувањето едно, па одењето во друго одделение, тестови, учење, полагања. Дури и кога ќе станат тинејџери, па и адолесценти, тие пак идат кај своите мајки со нови предизвици и проблеми за кои им е потребна нивна помош.

Меѓу другите тешки предизвици кои ги наброиле мајките, на листата се најдоа и - соочување со смртта на првото милениче, како да се објаснат смртта, животот и раѓањето, првиот разговор за сексот, да не се научат децата да псујат, да се научат да ги ценат правилно парите, да се спречат да пушат и др.

Најново на форумот

  • No posts to display.