Ученичките од 10- 12 години, па нагоре се незадоволни од својата телесна тежина, поради што прескокнуваат оброци, со цел да бидат послаби, иако се веќе слаби или имаат идеална тежина.

Во тек на едно истражување направено меѓу 15.000 девојчиња на возраст од 10 – 15 години, биле прашувани во врска со нивните прехранбени навики, како и за тоа како се гледаат себеси.

Девојчињата откриле дека за да ја одржуваат својата тежина , прескокнуваат оброци – појадок или ручек. При тоа тие не се свесни колку го загрозуваат своето здравје.

Аналитичарите откриваат дека голем дел од тие девојчиња кои се обидуваат уште да ослабнат или се со идеална тежина или веќе се премногу слаби. Имало и случаи на девојчиња кои имале загрижувачки ниска тежина. Тие за ова најголемата вина ја гледаат во списанијата каде се објавуваат фотошопирани фотографии на славни женски ликови, кои девојчињата ги гледаат како свои идоли.

Фасцинираноста со славните ликови, нивните тела, облека, изглед, сето тоа го зголемува притисокот кај младата популација, која се обидува да го пронајде својот идентитет, а тоа најчесто е во периодот кога тие растат и се менуваат.

- Преокупацијата на популацијата со тежината и изгледот, поставувањето на некои стандарди, сето тоа ги тера младите да се гледаат себеси како неубави, им се намалува самодовербата, а тоа постепено води до проблеми со пореметување во исхраната. Ако на тоа го додадеме и фактот дека голем дел од фотографиите кои се објавени претходно се добро обработени, може само да заклучиме дека младите се носат во заблуда за тоа што е убаво, а што не, па така тие кога се споредуваат себеси со нив се разочаруваат– изјавуваат аналитичарите.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.