Германската организација за зашитита на потрошувачите Foodwatch, направила истражување за квалитетот на прехранбените производи кои се рекламираат како здрави за децата. Резултатите се поразителни – со оглед дека храната за деца е преполна со шеќери и масти, Foodwatch заклучува дека прехранбената индустрија ја расипува детската исхрана.

Уште во 2006 година, аналитичарите на тогаш можната инвестициска банка JP Morgan пресметале дека прехранбената индустрија може многу повеќе да заработи со продажба на производи полни со шеќери и масти, наместо да се занимава со свежи овошје и зеленчук. Со инсистирање на нездрава храна може да се заработи минимално повеќе 15% пари, заклучиле тогаш од JP Morgan, во својата студија за дебелината и профитот на прехранбената индустрија.

Дека тие заклучоци се земени многу сериозно покажуваат и маркетиншките резулати. Така во Германија во 2011 година за реклама на овошје и зеленчук е потрошено 7,3 милиони евра, додека за прехранбени производи полни со шеќери и масти издвоени се сто пати повеќе: 780 милиони, од кои 700 милиони се потрошени исклучиво за реклама на слатки и чоколади!

И така може лесно да се дојде до одговорот зошто денес децата почесто се дебели. Имено при истражувањето од Foodwatch се интересирале колку шеќери и масти има во прехранбените производи кои се рекламираат како добри за децата, па биле тестирани 1500 различни артикли, од пудинзи преку сокови до житарки за појадок. На крај се покажало дека три четвртини од тестираните производи спаѓаат во т.н црвена категорија, значи се полни со шеќери и не смеат често да се конзумираат. Повеќето производи, па и оние кои се рекламираат како здрави и носат ознака “био“, во себе содржат повеќе од 25% шеќери!

Foodwatch од април 2011 до февруари 2012, ги посетувал берлинските супермаркети, собирајќи првенствено прехранбени производи наменети за дца, а како критериум за оцена ја земале пирамидата за здрава исхрана, промовирана од германската влада. Заклучокот на Foodwatcha е дека „прехранбената индустрија ја уништува здравата исхрана на децата“, бидејќи целта на прехранбените компании е “децата рано да се навикнат на производи кои дебелат“. Не можат децата толку да вежбаат и дневно да се движат, колку што има масти и шеќери во производите – вели Мартин Рукер од Foodwatch.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.