Децата со аутизам можат да ги подобрат своите социјални способности, ако имаат домашно милениче со кое можат да си играат, откако ќе наполнат пет години.

Според најновите истражувања, децата со пречки во развојот се чувствуваат посигурно во комуникацијата со другите луѓе, полесно делат нешта, ако имаат домашно милениче. Додека оние кои немале, не покажале никакво подобрување.

Сепак ова не било забележано кај аутистични деца кои имале миленичиња од своето раѓање. Според научниците, подоцнежното внесување на миленичето во животот на детето помага да се создаде посилна и поинаква врска, отколку кога детето расте со миленичето.

Д-р Гренджорж и колегите од француски институт за истражување на аутизам, извеле две истражувања кои подоцна ги објавиле во едно медицинско списание.

Во првото истражување анализирале 24 аутистични деца на возраст до 11 години, кои биле во една градинка во Франција. На пола им дале милениче – куче, маче или зајаче, додека другата половина не добиле милениче. Родителите на децата кои имале милениче забележале дека децата полесно ги делат играчките или јадењето, а воедно покажале сочувство кон луѓето кои биле тажни или повредени.

Во второто истражување биле испитувани деца кои имале миленичиња од своето раѓање или кои немале воопшто. Тие не покажале никакви промени ни интерактивност.

Според научниците, можноста на децата да се грижат за милениче им помогнала во зголемување на самодовербата и емпатијата.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.