Омлет, тестенини, теста и други јадења во кои јајцата се една од состојките, треба да се вратат на менито кај децата алергични на јајца, советуваат стручњаците, кои тврдат дека така постепено ќе се намали алергијата.

Во тестовите изведени над деца алергични на јајца, било забележано дека кај некои додека постепено се хранеле со јадења кои содржат јајца, се намалувале симптомите од алергија, додека кај други деца се зголемил прагот на толеранција кон јајцата. Само мал дел биле исклучени од испитувањето, бидејќи во текот на испитувањето постојано појавувале реакција на јајцата.

Концептот на тестовите е познат како орална имунотерапија – кога имуниот систем се учи да толерира нешто во мали, но постепно зголемувани количини.

Слични студии предлагаат дека истиот пристап може да се користи и при алергија на млеко и кикирики.

Сепак имунолозите од Џон Хопкинс центарот за лечење деца, предупредуваат дека иако има ветувачки резултати, оралната имунотерапија е на почетокот и ова се само првите обиди, па затоа не смее да се изведува никаде на друго место, освен во строго контролирани болнички услови под постојан надзор од стручни лица.

Најново на форумот

  • No posts to display.