Многу татковци веруваат дека дисциплината значи викање, закани или удирање на децата за секое однесување кое се смета за неприфатливо. Дисциплината може да биде интерпретирана на различни начини, а и нејзиното спроведување може да биде различно кај различни татковци. Првата работа која треба да ја знаете за дисциплината е дека постојат два начини на кои може да биде интерпретирана. Многу мажи често ја мешаат дисциплината – која значи љубов, воспитување и учење – со казнувањето.

Казнувањето е лошо и сурово.

Во минатото, додека мајките се грижеле за домот и децата, татковците работеле по цел ден, па често можела да се слушне фразата „чекај само кога ќе си дојде татко ти дома!“. Сепак, некои мажи растеле без силен и грижлив татко. Тие нема да се сигурни како треба да се снајдат во родителската улога без казнување и викање.

Исто така децата многу лесно сфаќаат кои се правилата во домот и кој од двајцата родители е попопустлив, па често знаат тоа да го искористат во своја корист. Затоа како татко донесете одлука кој ќе биде вашиот метод на воспитување и држете се до неа. Еднаш кога детето ќе дознае кои отстапки може да ги прави, што е дозволено, а што не, полесно ќе минувате низ сите проблеми и ќе ви верува. Со тоа ќе изградите и стабилна врска со вашето дете, која е исто така важна за добра дисциплина. Еве пет совети за татковците кои можат да ги користат при воспитувањето и воедно ќе им помогнат да изградат квалитетна врска со децата:

 

1. Бидете сигурни, искрени и полни со почит кога поставувате одредени правила и граници.

2. Обидете се да кажувате почесто “да“ отколку “не“. На пример „да, може да јадеш чоколадо...веднаш по вечерата.“.

3. Користете логични објаснувања за да корегирате несоодветно однесување „Ако го оставиш велосипедот на улица уште еднаш, ќе го заклучам во гаража една недела“. И потоа исполнете го тоа, ако има потреба.

4. Бидете му пример на детето. Тоа од вас ќе учи многу повеќе од она што гледа дека го правите, отколку од она кое му го зборувате.

5. Имајте повремено семејни состаноци, средби, на кои секој ќе може да каже идеја и предлог како да се поврзе семејството, да станат членовите поблиски и сè да биде во ред во домот. Нека бидат тие состаноци време кое сите ќе го поминете со уживање, а не време за расправии и конфликти.

Најважно од сè е да му бидете на детето добар пример. Бидете татко полн со љубов и разбирање на највисоко ниво. Кога ќе ги изградите тие врски со своето дете и ќе имате взаемна доверба, ќе можете да бидете горди двајцата за тоа што го имате постигнато во вашиот меѓусебен однос.

Најново на форумот

  • No posts to display.