Личностите со голема самодоверба и самопочит имаат поголем успех во животот. Тоа се гледа во нивните пријателства, бизнисот, семејството, како и градењето на нивната личност. Луѓето кои веруваат во своите способности се магнет за успех и среќа секаде каде одат. Како родители и возрасни, сигурно сакате да им помогнете на своите деца да ги развијат овие убави карактеристики. Една од најважните работи во учењето на децата е пред се да го подобрите концептот на својот живот. Еве ги трите правила со кои ќе им помогнете на децата да изградат поголема самодоверба и самопочит.


1. Учете ги децата да мислат за себе

Ако постојано му кажувате на своето дете што и како да прави, ќе го научите да гледа напред за кој правец да го фати, а не и да верува на својата интуиција. За секоја ситуација има барем 5 различни и точни решенија. Ако секогаш сакаме нештата да бидат “по наше“ децата ќе престанат да бараат креативни решенија. Критичкото размислување и способноста за решавање проблеми се сè поважни во било кој аспект од животот. Особено подоцна кога се вработуваме. Затоа оние кои ќе влезат во светот на бизнисот имаат потреба од изградена способност да наоѓаат решенија, да работат тимски и да знаат да соработува.

2. Дајте им основа

Голем дел од нашиот идентитет доаѓа од семејните приказни за предците, етика и стандардите, кои нè прават она што сме. Секој сака да слуша за минатото на своето семејство. Ова е една од карактеристиките кои нè одвојуваат од животните. Можеме да паметиме, обработуваме и пренесуваме информации на идните генерации. Секој од нас е “гладен“ да припаѓа во некое свое “племе“ каде ќе биде прифатен и сакан. Со споделувањето на семејната историја и културното минато, им даваме на децата корени и крилја.

3. Доброто држење покажува самодоверба

Луѓето кои стојат со собрани раменици, имаат летаргични движења, покажуваат недоволно самодоверба. Вербалната комуникација е извор на информации. Невербалната или говорото на телото е јазикот на врските. Луѓето кои се многу флегматични и незаинтересирани, ги гледаат како недоволно големи ентузијасти за она кое го работат и често ги сметаат за неважни. Со вежбањето на доброто држење на телото, автоматски ќе се почувствувате посамоуверени. Држете се исправено, со кренатата глава, остварувајте контакт со очи. Тоа остава позитивен впечаток кај другите и вие се чувствувате подобро. Токму тоа мора да го научите и своето дете. Како да има став и држење кои оддаваат самодоверба и сигурност, а тоа е само уште еден чекор кон успех во животот.