Новата студија направена од Американската Асоцијација на Педијатри,  донесе откритија, кои ќе ги натераат родителите добро да размислат пред повторно да подигнат рака на своето дете.

 

Иако наголемо се зборува дека удирањето деца не е во ред, голем дел родители сепак признаваат дека физички ги казнуваат децата. Според направените истражувања од истата Асоцијација, 70 – 90 % од мајките признале дека од време на време ја користат оваа мерка на воспитување.

Според добиените резултати, по истражувањето направено над 34,000 возрасни лица, докажано е дека удирањето во детството, колку и да се чини безопасно, ги зголемува шансите за развој на ментални болести во подоцнежниот живот. Ваквиот не популарен начин на казнување се воведува во тесна врска со нарушувањата во расположението, вклучувајќи ги депресијата и анксиозноста, како и нарушувања во личноста, кои доведуваат до алкохолизам или наркозависност.

Научниците тврдат дека 7% од менталните болести кај возрасните, може да се поврзат со физичките казни во детството, вклучувајќи ги шлаканиците, грабањето, туркањето и удирањето. Студијата открива и дека потчукнувањето го зголемува ризикот за развој на депресија до 41 %, употребата на алкохол и дрога до 59%, како и развој на манија дури до 93 %.

- Не зборуваме за ретки случаи кога родителот го удира детето по газе, туку зборуваме за луѓе кои физичкото казнување го користат како редовна дисциплинска мерка за своите деца – појаснува д-р Трејси Афифи, дел од тимот кој го спроведувал истражувањето.

Од анализата биле исклучени луѓето кои пријавиле тешки облици на малтретирање, како физичка, емоционална и сексуална злоупотреба, физичко и емотивно отрфрлање или изложеност на насилство од партнерот.

- Дефинитивно се докажа дека физичката казна не треба да се користи за децата од било која возраст – вели Афифи и додава – важно е педијатрите и другите здравствени работници кои работат со деца и родители да се свесни за оваа поврзаност на физичкото казнување и менталните нарушувања.

 

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.