Воспоставувањето здрава врска со своето дете не е магичен момент кој се случува сам од себе. Тоа е емотивна состојба која се случува кога две лица ќе почувствуваат меѓусебна љубов и со тек на времето го продлабочуваат својот однос.

Раѓањето на детето и начинот на кој родителите го дочекуваат многу се разликува од личност до личност. На некои родители ќе им биде доволен само еден поглед на детето кој ќе ги преплави со чувства. Други зачудено ќе гледаат во малото непознато суштество и нема да бидат сигурни што мислат, додека трети можеби ќе бидат загрижени ако веднаш не почувствуваат подеднаква количина љубов кој второто дете, како што било случај со првото. Важно е да се сфати дека поврзаноста меѓу родителите и детето може да се случи на многу различни начини во различно време. Еве неколку начини со помош на кои можете лесно да ја продлабочите врската со своето штотуку родено дете:

 

Намалете ги другите активности

Новороденчето носи многу нови активности во и онака зафатените и исполнети животи на родителите. Првите неколку месеци многу е важно во текот на создавањето на врската меѓу вас и детето, што е можно повеќе да ги намалите сите непотребни активности и најмногу време да минувате со детето.

Навикнете се на „времето за бебето„

Новороденчето има свој ритам. Се им е ново и потребно е некое време да се навикнат на новата околина. Секој родител ќе изгради посебен комуникациски состав со своето дете, за да дознае што му треба и што сака.

Набљудувајте го детето

Со набљудувањето на детето ќе дознаете многу нови нешта за него. Гледајте го како се движи, слушајте ги неговите звуци и набљудувајте како се менува од ден на ден, од месец во месец. На тој начин можете да го набљудувате светот со неговите очи, што ќе ви помогне во градењето чувства и разбирање.

Мазете се

Бебињата копнеаат по допир. Тој им е многу потребен, подеднакво како што им се потребни воздухот и храната. Што почесто гушкајте го и легнете го на своите гради. Дозволувајте му што повеќе време да поминува со вас. Запознајте го мирисот на своето дете и нека тоа го запознае вашиот – со тоа поприродно ќе се поврзете.

Читајте стручна литература, разговарајте со другите родители

Ако немате претходно искуство со новороденчиња или мислите дека не знаете доволно, од голема помош ќе ви биде стручната литература за развој на децата или пак искуството од другите искусни родители. Ако се чувствувате беспомошно, загрижено или исцрпено, искуството на другите родители ќе ви даде до знаење дека не сте сами и ќе ви биде од голема помош.

Одвојте време само за себе

Само триесетина минути дневно одвојте само за себе. Тоа ќе помогне да ги „наполните батериите“. Ова е многу важен дел во процесот на поврзувањето со детето. На тој начин ќе си ја повратите енергијата потребна за повторно да уживате со своето дете. Дозволете си релаксирачка купка, пишувајте дневник, прошетајте, поразговарајте со пријателка или отидете на масажа.

Уживајте во првите денови

И додека многу нови родители понекогаш ќе посакаат детето да им е малку поголемо, поискусните воглавно ќе речат како се важни и вредни првите денови поминаати со детето. Затоа, уживајте во секој миг.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.