Ароматерапијата е нежен метод за одржување на здравјето, убавината и добрата состојба на организмот. На едноставен начин, со почитување на основните правила на ароматерапијата, можеме да ја вклучиме во секојдневието.

Етеричните масла го прочистуваат воздухот, создаваат пријатна атмосфера, а ако ги разредите со растително, ладно цедено масло ќе добиете потполно природни препарати за нега на кожата. Еве мала палета етерични масла кои можат да ги користат мајките, трудниците, доилките, бебињата ( од 6 месеци натаму) и децата:

Мандарина (Citrus reticulata) – масло на радоста и смеењето, пријатно со препознатлив мирис, добредојдено е во секоја светилка, купка, озонер и др. Го потикнува доброто расположение, ја отстранува нервозата и напнатоста. Одлична е за создавање весела, „роденденска„ атмосфера.

Лаванда (Lavandula vera, Lavandula angustifolia) – етерично масло кое е многу присутно во ароматерапијата. Делува регенерирачки на кожата, се користи за релаксирање, го намалува крвниот притисок, може во мали количини да се нанесе неразредено на кожата ( при опекотини, убод од комарец и сл).

Камилица (Chamomilla recutita) – благородно етерично масло со изразено противвоспалително дејство. Вистински благодет за нега на чувствителната кожа.

Камфора (Cinnamomum camphora) – е едно од најјаките антивирусни етерични масла кои се користат за превенција при тешкотии во дишниот систем – го олеснува и продлабочува дишењето, го прочистува воздухот. Се користи за третирање на несоница и напнатост.

Природна купка за бебиња:

1 лажичка маслиново или бадемово ладно пресувано растително масло

1 капка лаванда или камфора

Измешајте ги состојките и додајте ги во водата за бањање.

Масло за нега и маса на детска, чувствителна кожа:

100 мл бадемово ладно пресувано, нерафинирано растително масло

5 капки етерично масло од камилица

10 капки етерично масло од лаванда

Помешајте ги состојките и соберете го во шишенце со темно стакло. Користете го наместо вообичаен лосион или масло за секојдневна нега на кожата

Масло за превенција од стрии (мајки):

100 мл ладно пресувано растително масло

50 капки растително масло од мандарина

Состојките измешајте ги и соберете ги шишенце со темно стакло. Употребувајте го секојдневно за нега на кожата по туширање.

За слатки сништа:

Набавете електричен распркувач на етерични масла кој може бесшумно и сигурно да работи во текот на цела ноќ. Капнете на соодветното месо 5 капки етерично масло од лаванда, 5 капки камфор и 5 капки мандарина. На овој начин ќе го прочистите воздухот во собата и ќе го олесните дишењето.

Ако не можете да набавите дифузер, послужете се со едноставен арома- трик: капнете масло од камфор на хартиено шамивче и оставете го покрај перницата од детето. Покрај перницата од возрасни лица можете да ставите и шамивче на кое сте капнале 3- 4 капки масло од камфора или лаванда

Важно: етеричните и растителните масла набавете ги од специјализирани продавници. Овие рецепти не служат за лечење.

Најново на форумот

  • No posts to display.