Пролетта ни е на прагот, периодот на кој децата најмногу му се радуваат. По долгата зима, тие со нетрпение ги очекуваат прошетките во природа, возењето велосипед, игрите во најблискиот забавен парк. Но, со пролетта се зголемуваат и симптомите на сезонска преосетливост, односно ризикот од алергиски реакции кај децата.