Стриите се појавуваат како резултат на нагло дебелеење и растегнување на кожата што не може да се спречи, особено во текот на бременоста. На идните мајки тоа им е еден од најголемите проблеми, а бројните креми и лосиони вообичаено ја намалуваат појавата на стрии, но тешко е целосно да се спречат.


За барем малку да го намалите нивното појавување, на своето тело треба да му овозможите комплетна нега. За почеток, на кожата треба да ѝ обезбедите максимална еластичност, а тоа ќе го направите ако ја одржите хидратизирана и мека во текот на целата бременост.
Тоа на најдобар начин можете да го направите со помош на кокосово или шеа масло кое ќе го нанесете на кожата, најдобро после туширањето. Покрај класичното кокосово масло , можете да си направите и сопствен лосион на многу едноставен начин.

За него потребно ви е:
1 лажица маслиново масло, по ½ лажица кокосово масло и пчелин восок, неколку капки масло од лаванда и неколку капки масло витамин Е
Сите состојки ставете ги во стаклено шишенце и ставете го во сад со вода што врие, за сите состојки да се стопат и соединат. Но внимавајте да не влезе вода во шишенцето или пак да пукне. Оставете смесата добро да се излади пред да почнете да ја користите.

За да ја одржите кожата хидратизирана пијте многу вода и внимавајте и на другите намирници што ги внесувате во организмот.
Витамините А, Ц и Е секогаш се добредојдени, а продуктите како пиперки, листест зеленчук, брокула, авокадо, јаткасти плодови, маслиново масло, моркови и тропско овошје се и повеќе од потребни.
Она што исто така може да предизвика стрии е недостатокот на цинк, а за да го подобрите тоа, во секојдневните оброци вметнете пилешко и телешко месо, јајца и квалитетни житарки. Секако, вежбањето е нешто од што не морате да се откажете ниту во текот на бременоста, само изберете посмирени вежби. Тие ќе ви ја подобрат циркулацијата, ќе ви ги затегнат мускулите и со тоа ќе ѝ овозможите на кожата поголема еластичност.
Покрај на редовните вежби, внимание посветете и на исхраната. Иако е нормално во текот на бременоста да добиете некој килограм плус, тоа никако не смее да биде нагло, бидејќи покрај што ќе ви предизвика појава на стрии, нема да биде добро ниту за вашето здравје.
Д.Ј

Најново на форумот

  • No posts to display.