Дознавате дека сте бремена и веќе сте во петтиот месец, но до тогаш не сте имале никакви симптоми кои упатуваат на тоа. Колку и да звучи неверојатно сепак е можно. Најчесто се случува кај жени кои имаат нерегуларни циклуси, кои не сакаат да забременат или имаат некоја психолошка состојба.

И тоа според истражување направено во САД, една на 475 жени не знае дека е бремена во првите 20 недели, додека една на 2500 жени не знае дека е бремена, додека не дојде време за породување.
Првите симптоми од забременување се појавуваат по 14 дена откако оплодената јајце клетка ќе се имплантира во ѕидот на матката, и тоа – повраќање, вртоглавици, болки во градите и промена на бојата на брадавиците на градите. Околу 30% од испитаните жени откриле дека првите симптоми на бременост ги почувствувале откако им изминал периодот за нов циклус.
За жените со нерегуларен циклус, изостанокот на циклусот не значи дека е бременост. А некои од нив, кога ќе им се појават симптоми на бременост, ги препишуваат на други состојби – гастроинтестинални проблеми, слабокрвност и сл.
Жените со полицистични јајници можат да поминат и неколку месеци без менструлен циклус. Ако се појави мало крварење во текот на првите месеци, тие тоа најчесто го препишуваат на нерегуларниот циклус.
А што е со жените кои до породување не знаат дека се бремени? Според стручните лица, тоа се најчесто жени кои не сакаат да се бремени, најчесто тинејџерки, жени кои од различни причини не се подготвени да имаат дете или пак кај жени со некоја зависност или психолошка состојба.

Најново на форумот

  • No posts to display.