Трудниците треба да се грижат за забите и да ги чуваат, бидејќи со секоја бременост се изложени на ризик. Причина за тоа е што фетусот го  црпи калциумот од организмот на  мајката за да си го изгради својот коскен систем. Сепак поголема опасност е хормоналната нерамнотежа на која е изложено женското тело во бременоста и нарушениот процес на апсорпција на минерали и микроелементи од храната.

Во тек на бременоста натрупувањето на наслаги на забите е побрзо, поради што на трудниците им се советува да ги мијат забите по секој оброк. Се случува да се појави крварење од непцата иако порано идната мајка немала таков проблем. Во тој случај, четката за заби треба да се замени со некоја помекаи да се земе паста со билни додатоци. За подобра цврстина на забите се препорачуваат пасти со флуор, додека пастите за избелување трудниците треба да ги заборават. Причина за тоа е дека овие пасти отстрануваат дел од клетките од емајлот на забите и со тоа ги прават уште понежни забите.
Постојат видови храна кои се препорачуваат трудниците да ги јадат почесто, за да имаат здрави заби – спанаќ, зелени салати, морска риба, зелен чај....
Многу е корисно после јадење да се изеде еден свеж морков, ротквица, јаболко или лист зелена салата.

Најново на форумот

  • No posts to display.