Породувањето во вода не е нов метод, но во последниве години станува сè попопуларен, бидејќи е поудобен, полесен и има подобро влијание на здравјето од бебето и мајката. Најважното во целиот процес е што поминува со помалку болки.

Тоа е така бидејќи водата ја олеснува циркулацијата на крв во матката и доведува до попуштена мускулатура во тој дел, а бебето полесно излегува надвор. Од научна гледна точка, бебето кое девет месеци живее во водена средина при раѓање во вода доживува помалку стрес бидејќи при доаѓање на свет неговите бели дробови имаат време да се подготват за новата функција и така доживува помала болка.

Додека мајката во топлата вода се опушта психички и физички, па целиот процес се одвива попријатно во споредба со природното породување.
Породувањето во вода не носи ризици ниту за бебето ниту за мајката. Но секако пред да се решите, мора да се консултирате со стручно лице и со својот лекар, дали тоа е препорачливо за вас. Кај трудници кои со инфекции, потоа ако имаат ризична како и повеќе плодова бременост не се препорачува. Исто така не е препорачливо ниту ако породувањето започне многу порано од очекуваниот термин.

И додека некои идни мајки го сметаат за помодарство, породувањето во вода за мајките кои веќе го искусиле е вистински благослов. Најчесто се одвива дома во специјална када (базен) кој треба да е доволно голем да може со мајката да влезе и партнерот. Кадата е стерилна и се употребува само еднаш, а има еден отвор од каде дотекува чиста топла вода и уште еден, за одвод на застоената вода, со што се овозможува постојана циркулација на чиста вода. Ваквото породување се одвива под надзор од стручно лице.

Најново на форумот

  • No posts to display.