Популарното верување дека трудницата треба да јаде за двајца со тек на времето се покажало како неточно. Напротив, важно е да се задржи навиката за консумирање на балансирани оброци, богати со хранливи намирници.

Следниве продукти ќе помогнат и вие да останете здрави во текот на бременоста, но и да му овозможите на вашето бебе да ги зема сите потребни хранливи материи за време на гестацискиот развој.


1. Леќа - богата со фолна киселина која помага во развојот на нервниот систем на плодот. Исто така, овозможува полесно празнење на цревата.

2. Сладок компир (батат) - богат е со витамини А, Б-6 и Ц, железо и растителни влакна, но не смее да се претерува со количината.

3. Јајца - може да се јадат во сите облици, но најважно од сè е да бидат целосно термички обработени, за да се избегне труење со салмонела, кое во тек на бременост може да биде фатално.

4. Бадеми - непечениот бадем е богат со железо, витамин Е, здрави масти, калциум, манган, магнезиум, цинк, омега 3, а исто така неколку зрна бадем ги олеснуваат стомачните тегоби.

5. Јогурт - благодарение на млечните бактерии и калциумот, јогуртот делува благопријатно врз дигестивниот систем, но и ја намалува или спречува појавата на здодевната кандида која се јавува кај голем број трудници.

6. Мешунки - грашок, грав, боранија... Консумирајте ги умерено поради можноста да направат стомачни тегоби, но никако не ги исклучувајте од исхраната, поради тоа што се богати со протеини, фолати и калциум.

7. Авокадо - поради тоа што е богато со здрави растителни масти, но и со фолна киселина, треба што почесто да го консумирате. Исто така, ги смирува и мачнините.

8. Банана - лекарите ја препорачуваат за одржување на здравата цревна перисталтика, но и за заштита од анемија и отекување на екстремитетите. Сепак, не претерувајте, за да не предизвикате осптипација, која може да биде тешка и болна за време на бременост.

9. Чиа семе - одличен извор на калциум, железо и витамин А, а исто така и омега 3 масни киселини, протеини и јаглехидрати.

10. Урми - препорачливи се за подоцнежните месеци од бременоста, за зачувување на тонусот на мускулите од ѕидовите од матката. Се верува и дека редовното консумирање на урми може да ги направи контракциите при породилните болки поиздржливи за мајката. Содржат серотонин, калциум и танин.

Најново на форумот

  • No posts to display.