Фиброидниот тумор е познат и како леиомиом или миом, а претставува маса од згрутчено мускулно и фиброидно ткиво кое расте на ѕидот(некогаш и надвор) од матката. Може да биде мало како зрно грашок или големо како грејпфрут. Фиброидниот тумор се појавува кај 50 до 80 проценти жени.

Симптоми кои укажува дека е можно да го имате се:

- тешко вагинално крварење, абдоминална болка,  притисок во карлицата, често уринирање , запек.


Ако забележите болка и невообичаено крварње, задолжително, веднаш посетете  го лекарот. Фиброидните тумори обично се појавуваат пред бременоста, а многу жени не ни знаат дека ги имаат, додека не им ги открие лекарот во тек на ултразвучен преглед. Ако знаете пред бременоста дека сте имале фибориди, прашајте го лекарот за тоа колку се големи, каде се лоцирани, какви проблеми можно е да предизвикаат и на симптоми да обрнете внимание.
Многу жени кои ги имаат фиборидите поминуваат бременост без проблеми, но 10 – 30 %, завршуваат со компликации како абдоминална болка и појава на крварење. Ова најчесто нема никакво влијание врз бебето, освен ако не продолжи крварењето да биде интензивно.
Предвременото породување или спонтан абортус, иако ретки, сепак се можни компликации. Тоа најчесто е бидејќи фиборидите можат да придонесат плодот да биде во абнормална позиција за раѓање. Исто така можат да предизвикаат породилни болки, а ако се блиску до цервикалниот отвор, можат да го отежнат излегувањето на бебето. Сите овие можни (ретки) проблеми ја зголемуваат потребата од царски рез.

Што да правите ако имате фибориди?
Лекарот ќе ви препорача мирување, држење облоги со мраз и ако е потребно лекови. Најважно е да ги слушате препораките на вашиот лекар. Симптомите ќе изчезнат за неколку дена.
Можно е фиборидите во бременоста да пораснат поголеми, поради влијанието на хормоните. Но забележени се случаи и на нивно намалување во бременоста, од досега необјаснети причини. Вашиот лекар може да ви препорача почести улгразвучни прегледи за следење на растот на фибродите и можноста од евентуални компликации.