Додека сте бремени од голема важност е да останете физички активни, без одење во сала или вежбање со личен тренер.

Обидете се со правење вежби кои нема да ве чинат ни денар, да бидете активни барем 150 минути неделно, со интензитет кој вам ви одговара и нема да е напорен во тек на бременоста.

  1. Пешачење
    Една од најлесните форми на вежбање е пешачењето. Излезете во блискиот парк и шетајте со исто темпо 15 минути, првите денови и постепено зголемувајте го времето до 30 минути, пет пати неделно.

  2. Тегови од шишиња
    За вежбање на мускулите од рацете, земете две пластични шишиња со вода. Држејќи секое во една рака подигнувајте ги рацете странично, додека ги исправите во висина на рамената. Напрвете две серии по 10 подигнувања и спуштања.

  3. Вежби за карлицата
    Овие вежби се од особена важност во текот на бременоста. Ако досега не сте правеле вежби за зацврстување на мускулите на карлицата, време е да почнете. Има два вида вежби  за карлица- брзи и бавни. За брзите , стегнете ги и опуштете ги мускулите на карлицата  по десет пати. Потоа направете десет бавни вежби држејќи ги затегнати мускулите по 10 секунди, па опуштете ги. И повторете по 10 пати. Овие вежби можете да ги изведувате било кога и било каде. Кога се одморате, гледате телевизија,  додека сте на работа или се возите во автомобил.
  1. Користете ги скалите
    Наместо лифт секогаш кога сте во можност користете ги скалите. Тоа е одличен начин да одржувате кондиција.

  2. Чистење како вежбање
    Секако морате да го исчистите домот, па зошто тоа да не биде како еден вид вежбање. Испланирајте го чистењето така да имате серии со различни движења и вежбање на различни мускули.
  1. Танцувајте
    Ако сакате салса, диско или било каков танц, излезете некаде каде што знаете дека има добра музика за танцување. Освен за кондицијата, одлично е за одржување флексибилност на мускулите, здравје на срцето и зголемување на нивото на кислород во организмот. Не мора да носите високи потпетици, доволно е да уживате додека сте на подиумот за танцување.

Најново на форумот

  • No posts to display.