Во текот на бременоста негата на лицето не е поразлична од онаа која сте ја применувале претходно. Тоа значи дека можете да продолжите да ги користите истите препарати од предходно ако ви одговараат и годат на вашата кожа.

Никако не дозволувајте си во тек на бременоста да се запуштите. Напротив дајте му ја своето лице потребната нега и воодушевете се од својот изглед.

Ако буџетот не ви дозволува скапи препарати, со минимални вложувања можете да го негувате лицето и да имате позитивен ефект. На пример лицетео измијте го со хидрантен сапун кој не ја суши кожата, а воедно отстранува остатоци од шминка. Купете крема од аптека која не е скапа и ја произведуваа фармацевти, само посоветувајте се која ќе одговара на вашиот тип кожа.

Ако ви дозволува буџетот во било која добро снабдена парфимерија купете крема на растителна база, која ќе одговара на вашата кожа. Секако ако ви одговара кремата која дотогаш сте ја користеле, не се откажувајте од нејзе.
Во бременоста можат да настанат промени на кожата кои претходно сте ги немале, на пример сушење и лупење, за што ќе в помогнат креми на база на камилица и зелен чај или колекција за нега на чувствителна кожа. Ако иритацијата емноги изразена, купете пантенол крема или маст и мачкајте додека се смири кожата, а потоа продолжете со дневна крема за чувствителна кожа. Доколку не можете самите да се снајдете одете на дерматолог или козметичар кој ќе ви помогне.

 

Во овој период може да ви се појават и дамки по лицето или лишаи, за кои постои решение. Покрај кремата задолжително користете препарат за миење и чистење, најдобро благи средства кои се на растителна база или пени за миење и чистење, тоник, млеко или лосион за миење. Важно е вашето лице да биде чисто пред нанесувањето на крема. Исто така можете еднаш неделно да направте пилинг или да ставите маска за освежување.
Кремата за лице нанесете ја два пати дневно, еднаш по миење наутро и еднаш навечер. Ако се шминкате пред пудрата задолжително ставете крема.