CryoSave Македонија за сите идни мајки го претстави новиот неинвазивен пренатален ДНК тест за рана дијагностика на Даунов синдром и други хромозомски аберации. Со ова, водечката еворопска банка за матични клетки, CryoSave воведе нова услуга, ДНК тест Tranquility, кој e достапен за сите бремени жени во Македонија и со кој, без никаков ризик може многу рано, уште од 9-та недела во бременоста да се открие постоење на Даунов синдром кај плодот.

За кого е наменет Tranquility?

Секоја бремена жена треба да го направи тестот и истиот високо се препорачува кај бремености со ризик.


- Возраст на мајката како висок ризик
- Инвитро бремености, историја на спонтани абортуси
- Ултразвучни или биoхемиски маркери кои укажуваат на одредени абнормалности на плодот.
- Историја на претходни бремености со хромозомски аберации или други абнормалности на плодот како и позитивна семејна анамнеза
- Бремености кај кои не се препорачува амниоцентеза како: HBV инфекција, HIV инфекција, Placenta Previa, RH инкомпатибилност, други инфекции, крварење или ризик од спонтан абортус
- Сите кои сакаат пренатален скрининг за најчестите хромозомски абнормалности. Хромозомски аберации се појавуваат кога едно лице има поголем или помал број на копии на одредени хромозоми. Три копии доведуваат до трисомии (како на пр. трисомија 21 или Даунов синдром). Во случај кога недостасуваат хромозоми, болестите се нарекуваат моносомии. Tranquility тестот прецизно ги открива сите вакви нарушувања.

Со Tranquility - Дауновиот синдром и трисомиите повеќе не претставуваат скриени ризици.

Трисомија 21 или Даунов синдром е најчестата трисомија на раѓање. Асоцирана е со блага и умерена интелектуална попреченост како и проблеми со варењето и вродени срцеви заболувања.

Трисомија 18 или Едвардсов синдром, се карактеризира со висока стапка на спонтани абортуси. Новороденчињата родени со Едвардсов синдром може да имаат различни здравствени проблеми и скратен животен век.

Трисомија 13 или Патау синдром се карактеризира со висока стапка на спонтани абортуси. Новороденчињата имаат сериозни вродени срцеви заболувања и други здравствени проблеми. Само мал број ја преживуваат првата година.

Нарушувања на половите хромозоми

. Половите хромозоми (X и Y) се оние хромозоми кои одредуваат машки или женски пол. Најчести абнормални комбинации се трисомиите: XXX, XYY, XXY (Клинефелтеров синдром) и моносомија X (Тарнеров синдром).

Зошто Tranquility е најдобар избор за Вас?

- Без ризик, со едноставно земање на крв од мајката
- Највисока сензитивност > 99, 9 % и највисока специфичност > 99, 8 %
- Tranquility тестот користи 19 милиони читања на еден примерок, далеку повеќе од било кој друг NIPT тест, што гарантира најголема прецизност
- Резултатите се добиваат за 5 работни денови во форма на “детектирана / не е детектирана анеуплоидија“
- Тестот се изведува со помош на најсовремената и супериорна технологија, Ilumina – светски златен стандард за NIPT (неинвазивно пренатално тестирање)
- Tranquility тестот користи екстремно сензитивна опрема и прецизни процедури со што овозможува да се намали ризикот од лажно негативни или лажно позитивни резултати на скоро 0%
- Врвно опремена лабораторија во Швајцарија која ги следи најстрогите меѓународни стандарди за квалитет – CLIA/CAP, со што гарантира најточни и најбрзи резултати
- Единствен NIPT тест со специјално дизајниран сет кој одржува стабилна температура за време на транспорт

За повеќе информации контактирајте ја канцеларијата на Би-МЕК, ексклузивен претставник на CryoSave за Македонија тел. 02 3296 990