Папочната врвца е богат извор на матични клетки. Тие се специјални бидејќи можат да се развијат во многу видови на различни човечки клетки, вклучувајќи крвни, нервни, кожни и сите други видови клетки во човечкиот организам.

Овој потенцијал веќе се користи во лекување на разни тешки болести, вклучувајќи некои видови на леукемија, анемии, болести на имуниот систем, дијабет тип 1, мозочни и срцеви заболувања, невролошки нарушувања, болести на црниот дроб и др.

Матичните клетки од папочната врвца на Вашето бебе се од исклучителна вредност, а нивната колекција се одвива во брза, едноставна, целосно безбедна и безболна процедура.

Кај матичните клетки од папочна врвца, во споредба со другите извори на матични клетки, постои значително повисока веројатност примерокот на Вашето бебе да биде соодветен за неговото братче/ сестричка или за други членови на Вашето семејство, доколку е потребна трансплантација.

Имате само една единствена можност да ги зачувате матичните клетки од Вашата папочна врвца, а тоа е моментот на раѓање на Вашето дете.

 

Како матичните клетки спасуваат животи

Матичните клетки играат клучна улога во лекувањето деца со рак на крвта и други крвни нарушувања.

Повеќе од 70 болести се третираат со матични клетки и над 4000 клинички студии ветуваат импресивни животоспасувачки третмани на досега неизлечиви болести.

Според најновото истражување, поддржано и финансирано од водечката меѓународна банка за матични клетки Cryo-Save, терапијата со матични клетки наоѓа примена и во лекувањето на перинаталните мозочни оштетувања кај новороденчиња, кои често доведуваат до церебрална парализа со тешка попреченост за која се‘ уште не постои достапна соодветна терапија и е водечки медицински проблем во светот.

 

 

Врвниот квалитет, достапен и кај нас

Cryo-Save е водечка меѓународна семејна банка за матични клетки, официјално акредитирана како ткивна и органска банка со зачувани повеќе од 250.000 примероци од крв и ткиво од папочна врвца, со најсофистицирани капацитети за преработка и складирање во Белгија, Германија, Дубаи, Индија и Јужна Африка и со достапност на услугите во повеќе од 70 земји во светот.

Она што несомнено ја прави оваа банка единствена, е прифаќањето на зачуваниот материјал од страна на сите медицински центри шир

ум светот, како безбеден извор на матични клетки за терапија, како и поставените највисоки стандарди за квалитет во однос на транспорт, процесирање и безбедност на матичните клетки зачувани во Cryo-Save. Над 50% од семејствата во Европа кои зачувале матични клетки, довербата ја дадоа на Cryo-Save, што докажува дека најголемата банка за матични клетки е водечки интернационален бренд кој ги надминува високо поставените национални стандарди во оваа строго регулирана дејност.

Уникатноста на Cryo-Save се согледува и во целосно обезбедената сигурност и заштита на правата на клиентите, кои потпишуваат договор директно со банката, унифициран во сите 70 земји и усогласен со европските регулативи за ваков тип на услуги, а зачуваните матични клетки се чуваат на две одделни локации за дополнителна безбедност.

Важно е да се истакне дека Cryo-Save е акредитирана како органска и ткивна банка и поседува GMP сертификат како и низа сертификати од регулаторни тела за ISO, AABB, FAGG акредитации.

За повеќе информации, контактирајте го локалниот претставник на Cryo-Save, Би-Мек ДОО (02 3296 990) или посетете ја веб страната mk.cryo-save.com за да добиете бесплатен инфо пакет и подетални информации околу привилегиите на нашите клиенти.

Најново на форумот

  • No posts to display.