Шеќерната болест (dijabetes mellitus), без разлика дали постоела пред бременоста или се појавила токму тогаш, е состојба која е поврзана со многубројни компликации за трудницата, фетусот и новороденчето.

Оваа болест значително го зголемува перинаталниот морталитет и морбидитет, а и смртноста кај мајките е значително повисока. Поради тоа потребни се редовни посети на лекар.

 

Според класификацијата има четири типа шеќерна болест во бременоста:

- Дијабетс тип 1

- Дијабетс тип 2

- Гестациски дијабетес (тип 3)

- Секундарен дијабетес (се појавува најчесто поради ендокринолошки пореметувања)

Имајте на ум дека кога сте под лекарски надзор ќе можете помалку да бидете загрижени и повеќе ќе му се посветите на своето здравје, а потоа и на здравјето на бебето. Со промената на начинот на живот можете себеси, но и на своето неродено дете, многу да му помогнете.

Да се има дијабетес значи:

- избегнување преработени шеќери (кекси, колачи, слатки),

- земање природни шеќери ( на пример овошје),

- важни се урамнотежените оброци,

- тестенини, ориз и компир се здрав избор,

- умерено редовно вежбање делува благодетно (освен ако не е контраиндицирано), триесет минути дневно брза прошетка е најдобар избор,

- контрола на телесната тежина,

- редовно земање на пропишаните лекови,

- редовно одење кај лекар.

 

По сето наведено и фактот дека дијабетсот може да го оштети вашето и здравјето на вашето бебе, не постои ниту една единствена причина за сомнеж во делотворноста на урамнотежената исхрана, контролата на телесната тежина и редовните вежби.
Запомнете – лекарот ќе ви даде совети и ќе ви препише соодветен лек, а на вас е поголемиот дел од работата. Со правилното земање на лекот можете да направите многу, но не и се‘. Ниту еден лек нема да биде целосно делотворен ако немате урамнотежена и здрава исхрана, контрола на телесната тежина и вежби. Слушајте ги советите на стручните лица со кои разговарате и имајте безгрижна бременост.

Најново на форумот

  • No posts to display.