Покрај фактот дека дебелината е се‘ поголем глобален проблем, она што загрижува е дека од ден во ден се зголемува бројот на дебели трудници. Во Велика Британија спроведена е тригодишна студија чии резултати не биле задоволителни- околу 5% од трудниците биле премногу дебели (индексот на телесната тежина преминува 35), а околу 30% биле дебели. Постојат ризици кои дебелината ги повлекува со себе, како и начини на кои можете да ја одржите тежината во тек на бременоста.

 

Опасности

Дебелината во бременоста е посебен проблем поради ризикот на кој е изложена мајката, како и нероденото дете. Резултатите од истражувањето покажале дека бројот на мртвородени деца е два пати поголем кај дебелите жени во однос на вкупниот национален број и дека ризикот се зголемува сразмерно со килажата на трудницата.

Дебелите жени се изложени на поголем ризик од добивање венска тромбоемболија, потенцијално смртоносна состојба, како и гестациски дијабетес и зголемен крвен притисок (предизвикан од бременоста) за разлика од жените со нормална телесна тежина.

Стапката на вршењето царски рез е исто така поголема кај дебелите жени, како и потешкотиите со доење.

 

Внимавајте на својата тежина

Сите трудници трба да внимаваат и да ја следат својата тежина за успешно да се изборат со потенцијалните ризици. Овие ризици се опасност како за мајката така и за детето и затоа е важно да се оди на секоја контрола.

 

Јадете за двајца

Ако сте трудна или планирате да забремените, мора да знаете дека е важно да ја одржувате килажата како за вас така и за бебето. Пред да ви кажеме некои стратегии за контролирање на телесната тежина, потребно е да го разбиеме најголемиот мит – дека сега јадете за двајца.

Според лекарите и стручните лица, ова е стара бапска приказна и не е вистинита. Тоа е многу застапен мит по кој трудниците треба да јадат многу повеќе за да нивното бебе биде здраво и правилно се развива. Во тоа нема ни трошка вистина. Здравата урамнотежена исхрана е подобра и за мајката и за бебето.

Бременоста е одличен период да ги поправите навиките во исхраната ако не ви биле добри и пред забременувањето. Повеќето жени се откажуваат од цигари и алкохол, па зошто не би имале ист пристап со храната и вежбите? Тогаш трудниците се загрижени за своето здравје бидејќи знаат дека тоа влијае дирекно на плодот и се мотивирани да прават измени во исхраната.

 

Совети за правилна исхрана

Здравата исхрана за трудниците е на многу начини, иста како за целата популација. Оброците треба да се со скробна храна (како компир, тестенини или ориз) , посно месо (пилешко, риба, со најмалку една порција мрсна риба неделно (лосос или скуша) ) – омега 3 масните киселини во сите видиви риби се посебно значајни за развој на бебето.

Исто така треба да внесувате пет порции овошје и зеленчук дневно и да го намалите внесувањето на калорична храна, како чипс, бисквити и чоколадо, за да ја одржите телесната тежина.

Многу се здрави и хранливите ужини кои се состојат од свежо овошје, зеленчук, јаткасто овошје, семиња и сл., и не само што ја одржуваат телесната тежина туку ги обезбедуваат неопходните минеарли и витамини за вас и бебето.

Многу подобро е потребните материи да ги добивате од храната отколку од додатоци. Единствен исклучок е фолната киселина која се зема како додаток, но не треба да ги заборавите брокулите, аспарагусот (шпаргли), грашокот, кафеавиот ориз, кои се богати со фолна киселина.

Најдобар начин да внимавате на себе и бебето е да јадете балансирана, здрава храна и да останете што поактивни во текот на деветте месеци. Ако ова ви помогне да ги усвоите здравите навики, тогаш супер.

 

Одржување на физичката кондиција

Уште еден вообичаен мит за бременоста е дека треба да лежите и одмарате сите девет месеци. Сепак ова не е корисно, ниту точно. Жените треба да ја комбинираат здравата исхрана со вежби. Очигледно не треба да работат ништо напорно, посебно во првото тромесечие, но вообичаените вежби, како шетање и пливање, се одлична идеја. Како што знае секоја жена, најдобра работа во врска со водата е што ја поддржува тежината. Како повеќе ќе растете, ова е одличен начин да се одморите (сигурно ќе ви треба тоа), но и нежен, безбеден начин целото тело да вежба.