Дула е личност која и‘ дава емотивна, физичка и психолошка поддршка и помош на родилката за време на породувањето. Името потекнува од грчкиот збор doula кој значи „служителка“.

Taa ќе и помогне на родилката да ја заземе положбата која најмногу ѝ одговара, ќе ја масира за да ѝ ги олесни болките, ќе ѝ става облоги, ќе ја држи за рака со цврсто уверување дека таа може да пројде низ процесот на породување. Или, доколку родилката го сака тоа, само ќе седи покрај неа и ќе биде присутна за неа.

 

Важно е да се знае дека дулата не е исто што и бабица, бидејќи таа е медицинско лице, кое има знаење и вештини да биде со родилката за време на породувањето и се грижи се да пројде во најдобар можен ред од медицинска гледна точка. Дулата не е медицинско лице, иако многу добро ја познава физиологијата на породувањето, но таа и‘ е поддршка и на самата бабица, никогаш нејзина замена.

Односот на дулата и родилката започнува уште за време на бременоста, кога тие се запознаваат и среќаваат неколку пати пред породувањето. За време на тие средби дулата и родилката имаат можност да се запознаат подобро, да разговараат за желбите, плановите, сомнежите и стравовите на родителите.

Дула може да се стане со завршување на обука преку неколку етаблирани организации во светот. Најголемата од нив е DONA INTERNATIONAL, специјализирана за обука и промоција на дулите. Доколку има интерес, може да се организира обука за дули и во Македонија.

За време на Светската недела на Дулите, во Македонија ќе ни гостуваат Мирјана Гњатиќ и Слаѓана Грошин, дули од Србија, со воведно предавање за дулите и прикажување на документарниот филм „Дула“.

Предавањето ќе се одржи во сабота, 29 март 2014г, од 17 до 19 часот во БАС - Бизнис Академија Смилевски (над ВЕРО во Аеродром). По предавањето се планира прикажување на едночасовниот документарен филм „Дула“ (со хрватски титл). Работилницата е бесплатна.

Повеќе за дулите можете да дознаете на сајтот на Здружението на дули на Србија, www.dula.rs или на фејсбук страната на Светската недела на дулите .