Сега откако на светот пристигна вашето најмило, сигурно ги одбројувате деновите до моментот кога повторно ќе го извадите вашиот велосипед, ќе се вратите во теретанa или на било која ваша омилена активност за вежбање. Колку време помина од вашето породување? Дали сте сигурни дека е вистинското време да и се вратите на рутината? Размислете подобро, бидејќи постојат неколку грешки кои често ги прават тазе мајките.

 

1. Прерано почнување со интензивни вежби

Замислете, вашето тело во периодот од деветте месеци на бременоста претрпувало големи промени и трансформации, па пост-шок состојбата по породувањето не е нешто што треба да се занемари. Ова посебно се однесува на фактот дека на телото му е потребен одмор и период на стабилизација, и затоа нема потреба од брзање. Доколку се вратите на вашите физички активности прерано или со преголем интензитет, ризиците од повреди се големи. И не само тоа, после една таква повреда на вашето тело ќе му биде потребен екстра дополнителен напор да се врати во нормала, а вие самите ќе се покаете што си дозволивте да бидете врзани за кревет.

 

2. Не му давате на вашето тело доволно време да заздрави

Доколку се пронаоѓате во ова тврдење, тогаш сигурно ќе платите висока цена за тоа, без разлика дали сте се породиле природно или со царски рез. Ако почнете со вежби брзо по породувањето кога стомакот с& уште не е вратен во нормална состојба, ризикувате дасе доведете до поголеми проблеми. Бидете внимателни и чувајте се.

 

3. Често мерење на вага

Во тек на бременоста во вашето тело се наталожил одреден број екстра килограми и тоа е сосема нормално. Дел од нив ќе исчезнат со самото раѓање, додека еден дел останува. Најголемата грешка на новопечените мајки е константното застанување на вага. Тоа знае да биде навистина обесхрабрувачки. Дајте им време на вашите килограми да почнат да се топат здраво и постепено. Наместо тоа, фокусирајте се на здрава исхрана и едноставно чувстувајте се добро и уживајте во овој период.

 

4. Недоволна хидратација

Водата треба да биде прво и најчесто нешто по кое ќе посегнувате во овој период. Вашето тело има посебни потреби и брзо дехидрира, посебно затоа што и доите, исто како што има потреба од повеќе енергија која ќе ја обезбедите преку храната, бидејќи калориите ги трошите релативно брзо. Затоа, избирајте здрава храна која ќе ви даде енергија и не заборавајте... вода, вода и вода.

 

5. Не се одморате доволно

Кога трошите повеќе калории од обично, ќе чувствувате поголем замор. Дозволете си себеси половина час попладневен одмор, на вашето тело му е потребно тоа, но и на вашето најмило потребни сте му вие во солидно издание. Со секој следен ден внесувајте по нешто ново во вашата секојдневна рутина, наградете се себеси и запомнете, попладневната дремка не значи дека сте го запоставиле домот или најмилото, туку дека се трудите да бидете во најдобро светло, здрави и полни со енергија, со цел на нив да им го овозможите најдоброто од себе.

 

6. Не сте доволно флексибилни

Обидите да се вратите назад на вашето секојдневие и рутини е добра цел, но ќе забележите дека џогингот веќе не во е толку пријатен како порано. Бидете флексибилни во однос на вашите очекувања за пребрзо враќање во форма. Почнете со полесни вежби, пред се забавни и како што ќе влагате во форма ќе го подигнувате интензитетот. Продолжете да трчате (со помала километража и вложен напор, дајте си себеси одмор и неколку застанувања), доколку трчањето ви изгледа пренапорно, почнете со пешачење, па побрзо одење, пливање, кардио вежби и слично.

 

Пред се, направете го тоа да ви биде забавно и уживајте во овој период.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.