Бременоста е блажена состојба која секоја жена ја посакува, замислувајќи се себеси како ужива додека го гали трудничкото стомаче. Но исто така тоа е период кога телото минува низ многу промени и состојби кои не се баш пријатни

 

Најубаво во бременоста :

1. Можете да јадете ладни шпагети во 10 часот навечер

Првото тромесечие е посебно погодно за јадење кога сакате и што сакате, без при тоа да чувствувате вина. Дури и во второто и третото тромесечие, јадењето било која храна во било кое време е сосема прифатливо. Впрочем и очекувано е.

2. Дремка

Сега кога сте бремена, вашето тело иако цел ден сте седеле, се чувствува како да сте трчале маратон. За среќа кусите дремки се сосема оправдани и пожелни. Дури и ако сте на работа, сосема во ред е да најдете место каде можете на кусо да се одморите, за време на паузата. Ако имате своја канцеларија, едноставно затворете ја вратата, и одморете се. Само не заборавајте да си донесете од дома перница.

3. Бесплатна пластична операција на гради

Едноставно бремените жени се разубавуваат и како да се расцветани рози во мај. Иако големината на градите е привремена, поради хормоните и надојденото млеко,забавно искуство е да се имаат цврсти и големи гради.

4. Секој е ваш батлер

Кога ќе дознаат дека сте бремена, сите околу вас ве гледаат како многу нежна. Никој нема да ви дозволи да носите било што потешко од лажица, дури ни сама да си земете една чаша вода. А како ќе ви расте стомакот тоа ќе биде поизразено. Иако понекогаш ќе ви се чини дека ве третираат како да сте инвалид, сепак, ќе има мигови кога сте преморени и ќе бидете благодарни за таквиот третман.

5. Секогаш имате тема на муабет

Средбата со школски другари или пријатели кои подолго време не сте ги виделе, може да биде непријатна, особено ако немате заеднички теми за муабет. Но сега, кога сте бремена, можете со тоа нема да биде проблем. Секогаш можете да започнете муабет околу бременоста .

6. Не го криете стомакот

Сега кога почнува да ви расте мешето, нема потреба да го криете ни кога се фотографирате да го вовлекувате за да испаднете повитки. Наместо тоа гордо покажете го стомачето во кое расте вашето најмило.

7. Малечка облека

Не, не за тебе мамо! Твојата облека станува поголема и поголема. Тие малечки нешта се за бебето и не можат да бидат послатки. Особено ако очекувате девојче, минијатурните летни фустанчиња и сите оние украси се едноставно неодоливи. Вистинско уживање е да купите од тие минијатурни парчиња облека кога знаете дека наскоро нив ќе ги носи едно мало човече.

8. Чудото наречено репродукција

Колку е необично тоа што можеме да создаваме нови суштества! Можеби звучи малку бизарно, но нели сте помислиле некогаш колку е волшебно што можеме да создадеме ново живо битие кое е различно од нас. Особено е интересно кога ќе се потсетите дека тоа е комбинација од разни гени и ќе размислувате на кого ли ќе личи, како ќе изгледа кога ќе се роди...

9. Стомачен танц

Движењата на бебето во стомакот, иако со тек на бременоста преминуваат во нестрпливо клоцкање, сепак се вистинско уживање за секоја мајка. Особено посебно е кога ќе го почувствувате како се врти низ стомакот или пак се испакнува на едната страна.

10. Ќе имате бебе

Последна, но не најмалку важна работа е дека ќе имате бебе. Тоа мало чудо кое расте во вашиот стомак од едно зрнце, станува личност и по девет месеци потење, отоци, повраќање, конечно излегува да се запознаете !

Најлошо во бременоста:

1. Храната има чуден вкус

Прво нешто кое се менува во бременоста е вкусот. Храната која до вчера ја обожававте одеднаш има необичен вкус и не можете да ја поднесете. Почекајте додека се породите,оти до тогаш и покрај силната волја, таа храна секогаш ќе ви биде одбивна.

2. Повраќање

Не е само честото мокрење една од пропратните појави во бременоста. Тоа е и повраќањето кое кај некои мајки може да помине после првото тромесечие, но има и такви кои до крајот на бременоста мака мачат со него.

3. Положба на спиење

Ако пред бременоста спиевте исклучиво на грб или стомак, кажете и‘ чао на вашата навика. Бремените жени треба да спијат на страна (лево колку е можно повеќе), кое знае да биде причина за појава на згрченост во одредени мускули поради непријатната и иста положба во текот на цела ноќ, како и од страв да не се превртите случајно на стомак.

4. Здебелени стапала

Одеднаш вашите стапала се толку отечени и здебелени што личат на два надуени балона. И не ве собира во ниту едни чевли. Ништо не можете да сторите, само помислете дека и тоа е уште една минлива појава.

5. Испуштање гасови

Ужасно! Едноставно избегнувајте грав и друга храна која ги предизвикува.

6. Болки во грбот

Како што оди стомакот нанапред, вашиот грб и рбет не знае како да се постави. Помагаат вежби, но само повремено. Избегнувајте да стоите долго, што е проблем за вработените жени.

7. Проблеми со патувањата

Иако ви се чини сосема во ред да патувате додека сте бремена, подобро воздржете се. Еден час во автомобил знае да биде многу напорен,особено ако почне да ви се лоши. Доколку планирате подолг пат, имајте во предвид дека мора да најдете соодветна положба за седење, дека ќе морате често во тоалет и ќе ви се потребни поголеми паузи за одмор.

8. Без рамнотежа

Хормоните толку лудуваат што ништо чудно ако почнете одеднаш да се чувствувате како да губите рамнотежа. Тоа знае често да ве исфрустрира и да ве направи нервозни. Сосема е во ред да отидете во соба и да се препуштите на емоциите – исплачете се додека ви олесни.

9. Растечен нос

Не само што ќе ги бришете носот и очите по секое повраќање, многу честа појава е настинка или воспаление на синусите, барем еднаш во тие девет месеци. Алергиите исто така се проблем, особено ако не сакате да земате било какви лекови.

10. Ќе се пораѓате

Секако, породувањето е прекрасно, бидејќи ќе добиете бебе, но ако мислите дека природното породување е прекрасно и волшебно...се лажете. Породувањето со царски рез не е ништо поедноставно. Се разбира бебето само по себе е најубавото нешто кое секоја жена го посакува, но процесот на болки и породување...е приказна за себе. Smile