Некои жени уште од почеток ја прифаќаат бременоста како најнормална работа, некои цело време страдаат од мачнини, а други бараат екстра доза внимание. Во кој вид трудници припаѓате?

Не ни забележува дека се трудни

Првиот тип трудници е најредок, а тоа се оние за кои не би ни помислиле дека се трудни, ако не го знаете тоа. Обично се високи со силна телесна градба, а бременоста им се познава дури во последните фази, поради што не мораат да купуваат облека за трудници. Освен тоа, тие не се однесуваат различно од пред бременоста, која ја прифаќаат како најприродна работа на светот.

 

Родени за тоа

Некои жени со својата расна градба на тело како да се родени да бидат убави трудници. Освен полните гради и заоблени колкови, за време на бременоста нивното тело пропорционално се пополнува. Во тек на бременоста тие не запираат со дневните активности, полни се со енергија, после породувањето брзо се враќаат во форма.

 

Екстремни трудници

Обично се со ниска градба и по нивниот стомак бременоста брзо се познава. Веднаш во раните фази од бременоста имаат голем стомак поради кој другите мислат дека терминот им е наскоро. Непознатите можеби ќе коментираат дека веројатно носат близнаци или дека таткото на детето е многу крупен, а поради големиот стомак отежнато се движат и рацете и нозете многу им отекуваат.

 

Постојано со мачнини

Некои жени се борат со трудничките маки за време на целата бременост, а покрај тоа имаат мака и со киселини. Поради мачните симптоми постојано се жалат и одвај го чекаат својот термин за да почнат да се чувствуваат „нормално“.

 

Фит трудници

Обично се спортски типови кои за време на бременоста минимално се дебелеат, а и покрај бременоста успеваат да вежбаат и понатаму да се „во форма“. Иако можеби немаат толку многу енергија како порано, поради нивната самоконтрола и дисциплина никој од нивната околина не го забележува тоа.

 

Изненадена трудница

Таа изгледа како да ја изненадила веста за бременоста, па тешко се прилагодува во својата „нова“ улога. Освен што изгледа неуредно во старата облека која и понатаму ја носи, таа често се сопнува, а добиената тежина и‘ пречи во движењето. На идејата за бременоста обично се навикнува за време на терминот за породување.

 

Трудници кои глумат жртви

Овие жени дефинитивно не се омилен тип трудници, нона нив хормонските промени делуваат така да постојано бараат внимание од сите кои ги опкружуваат. Тврдат дека сè им е тешко, а мислат дека треба да бидат лишени од сите обврски и должности и бременоста ја користат како изговор за одмор и добивање на она што го сакаат.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.